Занимливости

Психопатологија: Опсесивно компулсивно растројство на личноста

Опсесивно компулсивното растројство на личноста (OCPD) се разликува од опсесивно компулсивното растројство (OCD). Нивното име наликува, но клиничките манифестации на овие две растројства се многу различни.

Опсесивно компулсивното растројство на личноста се карактеризира со перфекционизам, тенденција да се одржуваат работите под контрола, претерано внимавање на детали и ригидност. Овие карактеристики се дел од голем број на луѓе, но за разлика од нив, оние кои страдаат од ова растројство покажуваат значително намалување на нивното секојдневно функционирање. Ова особено може да се забележи во нивните односи со другите луѓе кои често се здрвени, формални и далечни.

Психопатологија: Опсесивно компулсивно растројство на личноста

Опсесивно компулсивното растројство на личноста (OCPD) се разликува од опсесивно компулсивното растројство (OCD). Нивното име наликува, но клиничките манифестации на овие две растројства се многу различни. Кај опсесивно компулсивното растројство на личноста не постои присуство на опсесии (нападни и повторувачки мисли кои предизвикуваат анксиозност) или пак, компулсии (потреба да се прават повторувачки активности кои наликуваат на ритуали со цел да се намали анксиозноста). Ова нарушување се карактеризира со перфекционизам и неверојатна потреба за ред и контрола.

За разлика од опсесивно компулсивното растројство, каде што оние кои страдаат од него сфаќаат дека нивните опсесии и/или компулсии се ирационални, кај ова нарушување на личноста токму дисфункционалната филозофија е онаа која предизвикува анксиозност, бидејќи луѓето навистина веруваат дека нивниот начин на функционирање е вистинскиот за нив.

Преокупацијата со детали и правила води кон неможноста да се види „големата слика“. Постои огромна потреба да се држат работите и емоциите под контрола, но не само во својот живот, туку и во животот на другите луѓе. Особено кај оние кои тие ги чувствуваат за поблиски. Од друга страна пак, соработниците можат да откријат дека соработката со овие индивидуи бара многу работа, не постои флексибилност и изобилува со перфекционизам. Овие луѓе можат дури и да работат прекувремено, но поради посветеноста на деталите, редот и контролата да не ја завршуваат нивната работа на време.

Основни разлики помеѓу опсесивно компулсивното растројство и опсесивно компулсивното растројство на личноста

Психопатологија: Опсесивно компулсивно растројство на личноста

Статистики и справување 

Според официјалните извештаи, опсесивно комплулсивното растројство на личноста се појавува кај помалку од 1% од луѓето, но неодамнешни студии покажале дека оваа бројка во моментов е зголемена на загрижувачки 7,9%. Когнитивно бихејвиоралната психотерапија, како и оние форми на психотерапија кои се базираат врз поддршка покажале позитивни резултати кај одреден број на личностите кои страдаат од ова растројство на личноста.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s