Психологија

9 знаци дека сте го пронашле господин Совршен

Како да знаеме дека станува збор за вистинска љубов, а не за моментална фантазија?

Кога сте заљубени, многу е тешко да си го замислите животот без вашиот партнер. Можеби ќе ви звучи како клише, но кога сте заедно вие едноставно чувствувате дека тоа е правилно. Но, како да знаеме дека станува збор за вистинска љубов, а не за моментална фантазија? Можам со сигурност да тврдам дека наредниве неколку знаци ќе ви помогнат да сфатите дали тој е вистинскиот избор за вас…

9 знаци дека сте го пронашле господин Совршен

1. Не носите маска кога сте покрај него. Вие се чувствувате слободно и опуштено кога сте заедно и немате потреба да ги криете оние делови од себе кои сè уште не сте научиле како целосно да ги прифатите.

2. Вашата среќа е негова среќа и обратно, неговата среќа е и ваша среќа… Тој во секој момент се радува за оние нешта кои вас ве радуваат, но и вие со целото срце сте среќни за него кога тој постигнал нешто за кое многу се гордее.

3. Дури и кога имате многу лош ден, сè што сакате вечерта е да го прегрнете и да заспиете покрај него. Вие едноставно не можете да го замислите вашиот ден без неговата топла прегратка и смирувачки глас.

4. Можете јасно да ја почувствувате физичката, но и емоционалната поврзаност помеѓу вас. Понекогаш дури доволно е да ве погледне и точно знаете што тој чувствува во тој момент.

5. Сакате да го споделите секое свое искуство со него. Без разлика дали станува збор за позитивни или негативни настани, вие едвај чекате искрено и целосно да му објасните што точно во моментов ви се случува.

6. Имате иста дефиниција за романсата. Токму таа е онаа која ја одржува страста во вашата врска.

7. Имате развиено смирен начин на кој ги решавате вашите проблеми. Едноставно нема потреба да го повишите вашиот тон за да ја докажете вашата поента. Вие дебатирате смирено и никогаш не ги оставате работите нерешени или недокажани.

8. Не само што го имате неговото целосно внимание, туку тој и активно ве слуша додека говорите. Убаво е чувството кога знаете дека постои некој кој во секое време ќе ве сослуша без притоа постојано да ве критикува, нели?

9. Ве прифаќа во целост. Тој не сака да промени ниту еден дел од вас.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s