Психологија

Мисли кои стојат помеѓу вас и животот кој сакате да го живеете

Дали ви се случува да имате детално испланиран пат по кој ќе се движите низ вашиот живот, меѓутоа по сплет на околности постојано да завршувате на сосема спротивна страна?

Дали ви се случува да имате детално испланиран пат по кој ќе се движите низ вашиот живот, меѓутоа по сплет на околности постојано да завршувате на сосема спротивна страна? Размислувањата и ставовите можат да играат голема улога кога станува збор за саботирање на себе, а токму наредниве неколку мисли се оние на кои доколку им дозволите, ќе ве оддалечат од животот кој навистина сакате да го живеете…

Мисли кои стојат помеѓу вас и животот кој сакате да го живеете

1. Не верувате дека го заслужувате она што го сакате. Изговори, изговори… Вие постојано смислувате илјадници причини зошто не ги заслужувате нештата кои ги сакате само како изговор да не започнете со нивното остварување. Размислете, дали реално не можете да го постигнете она што го сакате или пак, можеби сите овие препреки постојат само во вашата глава?

2. Им дозволувате на луѓето да ве разубедат, бидејќи она што вие го сакате не се поклопува со она што они го сакаат. Можеби е време конечно да престанете да им верувате на сите околу вас дека знаат што е најдобро за вас и да почнете да се слушате себе. Вие сте единствената личност на планетава која точно знае што ù е потребно и кога ù е тоа потребно…

3. Мислите дека не треба да се борите за тоа што го сакате бидејќи дури и да го добиете, може во било кое време да ви биде одземено. Размислете повторно. Се сеќавате на изреката „шизик на ризик“? Како ќе дознаете со сигурност дали можете да задржите нешто или некого ако се откажете уште пред да започнете? Зарем не би било одлично доколку ја постигнете вашата цел и гледате како соништата ви се остваруваат пред вашите очи?

4. Имате толку многу идеи… Но, ќе почнете со нивното остварување од утре. Или од наредната недела… Или пак, некој ден… Но, тој ден никогаш нема да дојде. Зошто? Бидејќи сме навикнати да одложуваме до бескрај… И позади сите тие одложувања се крие еден преувеличен и ирационален страв кој во нашите очи изгледа како цел универзум, а во реалноста е со големина на еден атом. Токму затоа не им дозволувајте на стравовите да го контролираат вашиот живот. Превземете ги работите во вашите раце и конечно тргнете по патот кој ве исполнува…

5. Прифаќате „не“ како последен збор. И тоа е во ред, но понекогаш овој збор е само знак дека можеби треба да го смените вашиот пристап. Размислете.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s