Филм и ТВ

Топ 3 криминалистички серии на сите времиња

Ако сте љубител на криминалните драми, тогаш сигурна сум дека ќе се согласите со моето мислење.

Ако сте љубител на криминалните драми, тогаш сигурна сум дека ќе се согласите со моето мислење. Но, доколку не сте гледале некоја од овие ТВ серии, ви препорачувам да го сторите тоа веднаш. Не сте свесни што пропуштате!

1. NCIS (2003 – )

Топ 3 криминалистички серии на сите времиња

Оваа ТВ серија не само што ми е во топ 3 криминалистички серии, таа исто така ми е во топ 3 ТВ серии на сите времиња од сите жанрови. Да, толку многу ја сакам. Тимот е едноставно прекрасен. Дури и покрај големите промени на глумците, секој нов лик носи интересна свежина и едноставно не можете да не го/ја засакате. Моментално во тек е 12-тата сезона, но сигурна сум дека уште многу долго време ќе го гледаме тимот на Гибс на малите екрани.

2. Castle (2009 – )

Топ 3 криминалистички серии на сите времиња

Нејтан Филон без сомнение ми е еден од омилените глумци, па токму затоа и решив да ù дадам шанса на оваа ТВ серија. Искрено, во ниту еден момент не зажалив за тоа. Главниот лик, Касл, е автор кој по сплет на околности ќе стане советник во одделот за убиства во Њујорк. Да, тоа ми е работата од соништата… 🙂 Но, настрана од тоа, хемијата помеѓу Касл и Бекет (детективката) е една од многуте причини поради која оваа серија ќе го освои вашето срце. Мислам дека не мора ни да се спомнуваат урнебесните реплики на Касл кои со денови по гледањето на епизодата ќе ве смеат и другите необични ситници кои ја прават оваа ТВ серија уникатна. Моментално во тек е 7-тата сезона.

3. Sherlock (2010 – )

Топ 3 криминалистички серии на сите времиња

Зарем треба да се каже нешто повеќе? Шерлок е една од оние ТВ серии кои едноставно мора барем еднаш да ги изгледате. А можеби и два пати. Бенедикт Камбербач извонредно го доловува карактерот на Шерлок и токму поради него оваа серија е една од најпопуларните во моментов. Доколку сте фан на книгите за Шерлок Холмс, едноставно не смеете да ја пропуштите оваа модерна верзија… Моментално се снима 4-тата сезона која се очекува да излезе на крајот од 2015 година.

2 коментари

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s