Психологија

Психопатологија: Несоница

Несоницата се карактеризира со потешкотии во заспивањето или одржувањето на сонот кој се случува барем 3 ноќи во една недела, во период од 3 месеци и покрај соодветните услови за спиење.

Несоницата се карактеризира со потешкотии во заспивањето или одржувањето на сонот кој се случува барем 3 ноќи во една недела, во период од 3 месеци и покрај соодветните услови за спиење. Нарушувањето на сонот кој се поврзува со истоштеност во текот на дневните часови, може да предизвика клинички значаен стрес или потешкотии во секојдневното функционирање. Несоницата не се препишува на психолошките ефекти од злоупотреба на лекови/дрога, но таа може да се појави паралелно со одредени ментални (депресија) или медицински (болка) состојби.

Психопатологија: Несоница

Континуираната несоница  го зголемува ризикот за развивање депресија и често пати може да остане како симптом дури и по третирањето на оваа состојба. Во оние случаи каде што личноста страда истовремено од несоница и друг вид на психолошко нарушување, потребно е да се најде третман кој паралелно ќе се бори и со двете состојби. Имајќи го ова на ум, многу често е невозможно да се процени точната природа на поврзаноста помеѓу овие клинички состојби, но дури и да се успее во таа цел, овој однос може со тек на време сам да се промени.

Постојат 3 категории на несоница:

  • Епизодична несоница – Симптомите траат барем 1 месец, но не повеќе од 3 месеци.
  • Константна несоница – Хронична несоница која трае повеќе од 3 месеци.
  • Повторувачка несоница – Повторувачки епизоди (кои траат од 1 до 3 месеци) на несоница во текот на една година.

Доколку подолго време страдате од несоница и почнувате да забележувате како таа ви пречи во секојдневното функционирање, консултирајте се со психолог или психотерапевт.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s