Филм и ТВ

Топ 3 научно фантастични серии кои започнале со снимање во 90-тите

Има нешто магично во ТВ сериите од 90-тите и токму овие три го покажуваат тоа.

Има нешто магично во ТВ сериите од 90-тите и токму овие три го покажуваат тоа. Доколку сте љубител на научната фантастика и не сте ги гледале овие серии, тогаш ви препорачувам веднаш да го направите тоа…

1. Farscape (1999 – 2003)

Топ 3 научно фантастични серии кои започнале со снимање во 90-титеFarscape е мојата ултимејт омилена научно фантастична серија која топло ја препорачувам на сите љубители на овој жанр. Станува збор за астронаутот Џон Крајтон кој ќе биде катапултиран низ црвја дупка на другата страна од галаксијата. Тој одеднаш ќе се најде на брод, жив брод, опколен со затвореници во бегство со кои набрзо ќе се спријатели и заедно ќе се борат за својата слобода во вселената. Покрај одличната приказна и добриот избор на глумци, она што најмногу ме привлекува кај оваа серија е совршената доза на хумор од страна на Џон Крајтон која помага полесно да се гледаат дури и најтешките ситуации во кои тој запаѓа.

2. Stargate SG-1 (1997–2007)

Топ 3 научно фантастични серии кои започнале со снимање во 90-титеЗамислете свет во кој би можеле да патувате на илјадници планети без притоа да треба со години да патувате од едно до друго место. Во оваа ТВ серија токму тоа се случува. Луѓето длабоко во земјата пронашле закопана еден вид на „капија“ која води кон голем број на планети погодни за живот. Откако ќе откријат како функционира, таа ќе им овозможува да откриваат најразлични цивилизации како и да ги истражуваат мистериите на нашето минато. Приказната го следи тимот SG-1 кој е составен од ликови кои веднаш ќе го освојат вашето срце.

3. The X-Files (1993 – 2003)

Топ 3 научно фантастични серии кои започнале со снимање во 90-титеМислам дека не постојат луѓе кои барем не слушнале за славните Молдер и Скали. Можам слободно да кажам дека ова истражувачко дуо целосно го промени начинот на кој гледаме на необјаснивите нешта и покрај тоа што станува збор за приказна, сепак не натера да веруваме дури и во најневеројатните мистерии. Токму поради тоа оваа ТВ серија навистина вреди да се гледа.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s