Колумни

Успорете!

Каде и да се свртиме, постојано налетуваме на притисок да ги завршиме работите до одреден временски рок. Ние без да забележиме влегуваме во една рутина каде што сме постојано во брзање, а токму тоа влијае и врз квалитетот на нашиот живот. Погледнете ја малку природата и како работите функционираат таму. Цвеќето ќе процвета кога тоа ќе биде подготвено, лисјата од дрвјата ќе паднат кога тие ќе бидат подготвени… Постои време и место за сите природни процеси и верувале или не, ова важи и за нас луѓето.

usporete

Наместо постојано да функционирате на автопилот, обидете сè од време на време да ја послушате вашата интуиција. Ќе се изненадите од сите оние нешта кои ќе ги дознаете за себе, а многу брзо ќе забележите и дека нејзиниот глас многу подобро и посмирено ќе ве води низ секојдневниот живот. Наместо само механички да патувате низ обврските, вие на овој начин поефикасно ќе ги завршувате сите задачи и никогаш нема да бидете во брзање. Од друга страна, обидете сè да се ослободите од стравот и дозволете ù на љубовта да се всели на неговото место. На овој начин ќе откриете илјадници нови начини на кои можете да се справувате со проблемите кои ги носи животот. Размислете, доколку навистина ја засакате вашата работа, ништо нема да ви биде тешко да направите. Или пак, доколку ù дозволите на онаа посебна личност целосно да влезе во вашиот живот, од него/неа ќе ја добиете потребната поддршка да го освоите светот. Токму тоа ќе резултира со смирено завршување на сите оние нешта кои сте ги планирале без никаков притисок, брзање или доцнење. Кога сме веќе на тема љубов, мислам дека е соодветно да се спомне и љубовта кон себе. Треба да си го дозволите она време за себе во кое ќе се опуштите и во кое едноставно ќе уживате во животот. Сите имаат потреба од одмор, бидејќи доколку постојано тврдите дека „Немам време за лежење, имам премногу работа“, верувајте стресот целосно ќе ве освои и само прашање на време е кога ќе имплодирате во себе. Сè што е потребно се само неколку часа одмор во текот на неделата и работите сами ќе почнат да паѓаат на своето место.

Постојат илјадници причини зошто треба да успорите, но најважната од нив е вашето здравје. Многумина го земаат здравјето здраво за готово и не сфаќаат дека тоа е единствената причина поради која можат да живеат онака како што живеат. Впрочем што сме ние без нашето здравје? Без него не би можеле ништо да постигнеме и токму затоа ако ништо друго сите ние му должиме барем малку поспоро темпо на живот. Не мора да ги посетите сите настани, не мора да ги започнете сите работни обврски одеднаш и дефинитивно не мора да го жртвувате сонот за оние нешта кои не сте успеале да ги завршите тогаш кога сте планирале. Од друга страна пак, не мора да поминувате низ животот сами ниту постојано да се осудувате за вашите грешки. Постои време и место за сè – вашата работа е само да се запознаете доволно себе за да знаете кои се вашите граници, што точно сакате од животот и кој е најреалниот начин да ги остварите вашите цели.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s