Психологија

Навики кои треба да ги избегнувате во љубовните врски

Погледнете ги овие навики кои можат да ѝ наштетат на вашата врска и обидете се да најдете начин да ги надминете...

Секоја врска е уникатна, па токму затоа постојат најразлични нешта кои можат да помогнат во нејзиното развивање или да доведат до крајот. Но, има неколку нешта кои подеднакво лошо влијаат на сите врски и само прашање на време е кога работите ќе избегаат од контрола. Токму затоа погледнете ги овие навики кои можат да ѝ наштетат на вашата врска и обидете се да најдете начин да ги надминете…

Навики кои треба да ги одбегнувате во љубовните врски

1. Одбранбен став

Од време на време вашите одбранбени механизми се појавуваат и вие градите емоционална тврдина околу вас која ве заштитува од надворешниот свет. Како што поминува времето, така вие се губите позади овие ѕидови и може дури да се каже и дека чувствувате задоволство при напорот да не превземете ништо што би ја подобрило ситуацијата.

Во врските потребно е време и одредени чекори за да се средат сите недоразбирања. Но, она што е најважно е отвореноста и искреноста во комуникацијата. Зарем е можно да се најде решение доколку никој ништо не презема? Токму затоа наместо да се криете во себе, отворете ги сите карти на масата и дозволете им на зборовите да ви помогнат да ги надминете сите проблеми меѓу вас.

2. Обвинување

Вие укажувате на грешките на вашиот партнер, во секое време и на секое место. Без размислување ги истурате сите свои мисли врз него/неа, бидејќи верувате дека е добро за врската доколку ги кажувате гласно сите оние нешта кои ве нервираат. Но, и покрај сите барања за промени изгледа дека вие никогаш не сте задоволни.

Ваквото често жалење за секакви ситници може да крие и нешто за што не сакате да зборувате, а токму тоа нешто може да е вистинскиот проблем. Поплаките за малите нешта кои ве нервираат многу често прикриваат подлабок и покомплициран проблем во врската, кој нема да исчезне доколку продолжувате да го игнорирате. Да, искрената комуникација е тешка и може да предизвика болка, но одложувањето на нештата нема да ги решат проблемите, баш напротив, тоа само ќе ги зголеми.

3. Тишина

Вашиот партнер има огромна потреба да разговара со вас за одредена тема и конечно собира храброст да го каже своето мислење, но сè што добива од вас е тишина. Тој/таа неколку пати го повторува прашањето „А што мислиш ти за…“, но сè уште не добива никаков одговор. Можете ли барем да замислите колку лошо вашиот партнер се чувствува во овие моменти?

Доколку не сте подготвени да разговарате на оваа тема, искрено кажете му/ѝ го тоа веднаш. Не дозволувајте тишината да ја направи и онака тензичната ситуација во нешто неподносливо. Доколку имате одговор, тогаш нема причина да го чувате за себе. Вашата тишина го вознемирува вашиот партнер и само ги влошува работите. Бидете храбри и разговарајте како двајца возрасни. Ниту еден од вас веќе не е дете и не доликува да се однесува на овој начин.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s