Занимливости

Совети од Маја: Се одлучивте да чувате мачка?

Сакате да чувате мачка, но не сте потполно сигурни во оваа Ваша одлука? Како човек кој цел живот е опкружен со овие своеглави животни, велам ДА за оваа одлука.

Сакате да чувате мачка, но не сте потполно сигурни во оваа Ваша одлука? Како човек кој цел живот е опкружен со овие своеглави животни, велам ДА за оваа одлука. Животниот век на една добро чувана мачка се движи од 10 до 15 години, а некои можат да живеат и подолго. Присуството на мачката ќе влијае на вашиот дневен ритам во текот на овој период. Затоа е важно добро да ги разгледате одговорностите . . .

Совети од Маја: Се одлучивте да чувате мачка?

На мачките им е потребна дневна доза на внимание. Потребно е редовно да го четкате нивното крзно, да ја храните со правилно избалансирана храна и секако тука е и редовната превентива од екто и ендопаразити (крлежи, болви, цревни паразити) и вакцинацијата против болестите од кои може мачката да заболи. Кога идете на одмор мора да најдете лице кое може и сака да се грижи за вашата мачка додека ве нема или да најдете соодветно сместување каде вашата мачка исто ќе се почувствува како да е на одмор.

Некои мачки, а особено малите палавковци, мачињата, ќе скршат некој украс, ќе ви влезат во вашата чинија, можат да пробаат скришно од месото додека го подготвувате вашиот ручек, знаат да си ги оштрат канџите од вашиот мебел, да најдете повраќаница на вашиот тепих од нејзиното прелакомо јадење, влакна на вашиот тросед, гребаници по вашите раце, ќе ви се мотаат околу Вашите нозе . . . Сето ова е дел од приказната за мачката. Важно е да го разберете ова пред да донесете мачка во вашиот дом.

Совети од Маја: Се одлучивте да чувате мачка?

Која мачка да ја изберете?
  • Раса: Секоја раса на мачка си има свој темперамент. Некои се екстремно игриви и активни, додека други се кротки и мирни. Едните уживаат да бидат во вашиот центар на внимание, а некои претпочитаат да уживаат сами на својата фотеља. За ова ќе зборувам повеќе во некој од наредните постови.
  • Маче или возрасна мачка: Сите некако веднаш се одлучуваат на маче, можеби најмногу поради тоа што сакаат нивниот ортак да го гледаат како расте, но исто така бидејќи мислат дека возрасна мачка тешко ќе се прилагоди на новата средина. Во пракса се покажало дека возрасната мачка брзо се прилагодува на новата средина, исто како мачето. За возрасните мачки, еден плус е тоа што веќе имаат стекнато одредени навики како да се однесуваат.
  • Женско или машко: Машките мачки ја бележат својата територија, се борат со други мачори во периодот на парење, па дури и во тој период може да ги нема неколку дена и да ви се вратат дома ослабени, валкани и со повреди на себе. Женките може да се парат два пати годишно, па така тој период од годината во околината ќе забележите како повеќе мачори се собираат, мјаукаат и секако вашата мачка ќе направи сè за да избега од дома. А, после тоа следува чувањето на нејзината принова. Меѓутоа доколку не планирате да ги чувате за потомство, за размножување, полот не игра никаква улога.

Совети од Маја: Се одлучивте да чувате мачка?

Мој совет е да вдомите некое младо маче или мачка, онаа со огромна љубов во нејзе, онаа која ја гледате секој ден околу вашата зграда, работното место. Сигурно некој Ваш пријател или познаник има принова и секако тука се друштвата за заштита на животните кои бараат дом за нивните пријатели.

Со мачката имате загарантирани часови поминати во играње, милување и предење. Љубовта и топлината која што ќе ви ја дадат овие прекрасни суштества е непроценлива. Изборот е Ваш!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s