Преку танцувањето, ние сме во поискрен и поцврст допир со нашите емоции. Со негова помош можеме да ги изразиме и најдлабоките чувства, како и да се ослободиме и од најсилната вознемиреност. Танцувањето ни носи безброј придобивки и токму затоа треба да најдете време барем по неколку минути во денот да танцувате како никој да не ве гледа.
Соблечете ги чевлите и почувствувајте го подот со боси нозе. Дозволете ѝ на вашата телесна тежина, негативната енергија и било каков вид на тензија да помине преку вашите нозе кон земјата и целосно да се стопи. Пригушете ги светлата за да создадете мирна атмосфера во која ќе се чувствувате безбедно. Танцувањето не е за совршените чекори и перформанс, туку за опуштањето и одлуката да се постои токму во тој момент. Затворете ги очите за да можете да бидете во посилен контакт со себе.
Танцувањето може да биде прекрасно патување кое ни носи многу откритија за себе, па токму затоа пред да почнете одлучете што сакате да постигнете со негова помош. Можеби сакате да се ослободите од нешто, да повикате нешто во себе или пак, едноставно да се чувствувате добро. Танцувањето е еден вид на медитација, па извлечете најмногу што можете од него. Пуштете песна или плејлиста која одговара на вашето моментално расположение. Но, имајте на ум дека ако одберете музика без текст, ќе можете полесно да се препуштите и да ѝ дозволите таа да го води вашето тело. Наместете ја песната или музиката на повторување, за да не ве прекинува тишината.
Запомнете, целта е да се опуштите. И да уживате.