Колумни

Чувство

Секој човек е своја мала бесконечност и доколку не престане со истражувањето на себе, секој ден ќе открива нешто чудесно.

Сте имале ли некогаш во себе некое чувство кое не сте можеле точно да го идентификувате? Чувство кое знаете дека е тука, свесни сте дека постои и точно знаете зошто настанало, но едноставно не можете да откриете кое е неговото значење? Ако добро се замислите и ако целосно се фокусирате на ова чувство, можеби дури и би можеле да кажете како тоа изгледа, каква е неговата форма, па дури и да ја одредите неговата боја. Можете со прст да покажете точно каде во вас се наоѓа и колкава е неговата големина. Всушност, ако земете лист и хартија сигурна сум дека можете и да го нацртате, а ако ги затворите очите, можете дури и да го видите пред вас, како тивко стои и ве набљудува.

chuvstvo

Но, и покрај сѐ, едноставно не можете да го идентификувате неговото значење. Па, токму затоа го нарекувате „торнадо“, „облак“ или било која друга појава или предмет на кои ве асоцира неговата форма и тоа одеднаш оживува. Добива свој глас и ви ги кажува сите оние нешта кои толку долго ги чувало во себе. Во тој момент вие сфаќате дека сте биле во заблуда и дека неговото постоење е поради сосема други причини и за сосема други нешта. Сфаќате дека сте изградиле толку силни отпори и одбранбени механизми за оваа тема што вашиот мозок со месеци, па може дури и со години ве влечел во спротивна насока со цел да ве заштити од она што не сте подготвени да го чуете. Но, откако ќе заврши овој разговор, чувството полека почнува да ја губи својата моќ. Тоа се намалува и скоро инстантно почнувате да чувствувате и некаков вид на олеснување во вас. Можеби не сте го решиле проблемот, но свесноста за него предизвикала хармонија и чувство дека сè ќе биде во ред.

И така вашиот ум ќе се опушти, а вие ќе почнете да го анализирате ова чувство од сосема нова перспектива. Веќе не ви е важно зошто тоа настанало, сè што сакате е да дознаете нешто повеќе за него. Па, токму затоа размислувате и разговарате, конечно, и полека ги разоткривате сите негови страни, сите квалитети и сите негативности. И како што учите за неговата појава, така учите нешто ново и за себе. И одеднаш станувате подобри. Созревате. А со тоа правите и еден чекор напред кон подобрите вие. Мојот совет е никогаш да не престанете да гледате во себе. Секој човек е своја мала бесконечност и доколку не престане со истражувањето на себе, секој ден ќе открива нешто чудесно. Е ова драги мои е една од причините зошто толку многу ме фасцинира психологијата.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s