Државата која го има зборот Љубов во своето име (sLOVEnia), ќе Ве натера да се заљубите во неа на прв поглед. Мала по површина, но многу зелена. Тоа е мојот впечаток. Главниот град, Љубљана е наизглед мал, но волшебен град. Замокот кој се наоѓа во центарот на градот, тројниот мост – Тромостовје, Змајскиот мост, приказната за Прешерн и неговата Јулија, паркот Тиволи се само мал дел од оваа бајка.
Имате многу градови и села да посетите, секое со своја приказна. Почнувајќи од Блед и неговата кремпита (едно парче нема да ви е доволно :)), како и Бледското езеро и неговиот остров заедно со црквата Потоа Постојна и нејзината Постојна јама, заедно со човечката рипка, ендемичниот вид на животно, Липица и нејзината позната раса на коњи, Липицанер, чии што ждребиња се раѓаат со темна боја, за подоцна да добијат светла боја, Крањска Гора и нејзината позната ски скокалница Планица, па сѐ до Порторож, еден од градовите кои лежат на брегот на Јадранското Море и уште многу…
Словенија е земја која што може да ја посетите во секое годишно време, каде што ќе Ве пречекаат многу насмеани лица. Верувајте, таа навистина вреди да се види и овие фотографии се доказ за тоа…
*Не е дозволено преземање на фотографиите без согласност од авторот