Занимливости

„Последната приказна“ – Ели Г. Радеска

Во нејзиниот живот имаше многу приказни, нејзината остана последна да се каже...

Не сум личност која чита многу книги и ретко која книга може да ми го задржи вниманието, па токму затоа решив да ја споделам „Последната приказна“ со вас. Станува збор за прекрасна книга која може да се прочита во еден здив. И не го кажувам ова бидејќи Ели ми е пријателка, туку затоа што едноставно верувам дека нејзината книга ќе допре до вас… Па, ако сте расположени за мала прошетка низ 20-тиот век, книгата можете да ја најдете во Три, Табернакул и Матица.

Навидум вообичаен и мирен, животот на Бисера не открива многу возбудувања сè до оној ден кога младата Сара не замине во посета на оваа неверојатно силна жена, принудена да се бори со животните неприлики. Во градината каде што цутат најубавите рози, Бисера ги открива најдлабоките тајни на своето срце, тивко раскажувајќи за најголемиот двигател на сечиј живот – љубовта и сите заплети и расплети што ја опкружуваат.

Книга: Последната приказна

Младата Бисера од грнчарското село на југот заминува во големиот град за целосно да ѝ се промени животниот тек и да доживее љубов како онаа опишана во највоздигнатите лирски песни и најубави бајки. Во тој голем и маглив град се „разбранува“ судбината на Бисера, измешана меѓу туѓите радости, таги и љубови, каде секој е должен сам да се справи со својот непребол. Како што животот ѝ носи радости и таги, таа сè повеќе се затвора во имагинарниот свет кој сама го креира. Таму таа ја има моќта да управува, да се сокрие зад животите и идентитетот на нејзините ликови. Трагањето по среќата носи ненадеен пресврт во нејзиниот живот после што веќе ништо нема да биде исто.

Сместена во средината на минатиот век, оваа прекрасна приказна која никого нема да остави рамнодушен, ќе ве натера љубопитно да го прочитате овој роман во еден здив, со неочекувана перипетија која во секој од нас ќе ги разбуди најдлабоките емоции.

„Пред него можев да ја соголам душата, да ја извадам маската, да бидам своја и слободна. Да ги извадам картите на маса, да речам еве, ова сум јас. Ме земаш или ме оставаш? Тој секогаш би ме зел, повторно и повторно, од почеток, и пак би ме истопил во прегратка. Како коцка мраз врз вжештено тело. Тој беше мое платно, платно на кое ја проектирав сопствената среќа. Се отсликував во него, сите мои чувства, среќи и немири се рефлектираа во неговите темни очи небаре зрак светлина кој се одбива од огледало. Јас повторно бев заштитена и љубена.“

Романот може да се најде во книжарниците на Три, Табернакул и Матица. Бидете фанови на „Последната приказна“ на Фејсбук. Следете ја авторката, Ели Г. Радеска, на нејзиниот блог – Последната приказна.

One comment

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s