Писмата од Мишима

Со љубов од Мишима

Вистината е дека една приказна преживувате само еднаш. И никогаш повеќе. И посакувате да ја доживеете повторно. Во вашите мисли. Доаѓаат спомените. Но, тие болат. Има празнина...

so-ljubov-od-mishima-tekst

Ми фалиш. Ми недостигаш. Многу… Како да имам една огромна дупка во моиве гради. Можам да живеам без тебе. Да. Тоа и го правам сега. Но… Сè е толку пусто. Твоето отсуство е постојано околу мене, насекаде каде што гледам. Колку би сакала да ти се јавам сега, ама не можам. Си ветив самата на себе. Морам да продолжам. Без тебе, покрај мене.

Ми фали твоето друштво. Намевката. Очите. Ми фалат твоите совети. Толку се чувствувам изгубено без тебе. Ти ми беше огромна подршка. Го разбуди она што долго беше заспиено во мене. Она што го закопав пред неколку години. Веруваше во мене. Ми фалат прошетките со тебе, сладоледот во Палма, флеката од сладоледот на твојата бела маица. Точно знаеше колку ми беше потребна онаа прегратка, кога бев разочарана и скршена. Бев како мало дете кое се нурна во раширените раце кои силно ме прегрнаа. И ме држеа.

Ја слушам Clair de Lune… За тебе една од најубавите песни во романтизмот, а за мене волшебната песна од мојата омилена книга. Најмногу од сè ми фали разговорот со тебе. Пред тебе можев да кажам сè, не се срамев од она што сум. Ти верував. Можев да ја разголам својата душа. Имаше време за мене. Она што е ретко денес. Да можеш некому да веруваш, знаејќи дека нема да те осудува и она што е кажано да остане меѓу нас двајцата. И ти… Почна да го креваш оклопот што го имаше поставено околу себе. Искрено се плашев што ќе видам, што ќе откријам под него… Но, вистината беше друга…

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s