Занимливости

Неколку факти за прстенестоопашестиот лемур

Неколку интересни факти и фотографии за ова интересно животно...

Се сеќавате на забавниот крал Џулијан од цртанот Мадагаскар? Морам да признаам дека ми е еден од омилените ликови од цртаните.

Неколку факти за прстенестоопашестиот лемур

Но, колку знаате за овој вид на животно? Имав среќа да се дружам со овие животни одреден период. Тие имаат интересни очи, знаат да се „сончаат“ и греат со часови, имаат прекрасни опашки кои не дозволуваат да ги допирате, знаат од било каде да Ви скокнат на рамото и со толкаво уживање да ја јадат бананата, каде не изостанува нивниот звук на млацкање. Секогаш од кај нив си заминував валкана по облеката, но со огромна насмевка на лицето. Неверојатна е магијата која што ја имаат животните, да те расположат, без разлика колку ти бил крш денот.

Неколку факти за прстенестоопашестиот лемур

Во продолжение Ви претставувам неколку интересни факти и фотографии за ова интересно животно. Се надевам ќе уживате… 🙂

  1. Лемурите се примати од африканскиот остров Мадагаскар.
  2. Името го добиле по латинскиот збор Lemures што значи духови на мртвите, поради нивниот специфичен израз на лицето.
  3. Карактеристичен е нивниот црно бел опаш кој е подолг од самото тело и може да достигне и повеќе од половина метро.
  4. Тие ги користат своите дланки и стапала за да се движат брзо низ дрвјата, но не можат да направат стисок со својот опаш, како што можат некои нивни роднини примати.
  5. Голем дел од времето го поминуваат на земја што е невообичаено за другите видови лемури.
  6. Овошјето зазема најголем дел од нивната исхрана, но јадат и лисја, кора од дрва и растителен сок.
  7. Може да живеат и до 18 години во дивината.
  8. Живеат во групи од 6 до 30 единки каде што постои точно дефинирана хиерархија. Женките се доминантни над сите мажјаци, на чело со алфа женка. Женските преставници живеат во групата до крајот на животот, додека машките мигрираат од група во група.
  9. Имаат мирисни жлезди кои испуштаат силен мирис. Овој мирис го користат за комуникација, па дури и како еден вид оружје. Тие ја обележуваат својата територија со помош на овој јак мирис.
  10. Кога се движат низ својата територија, своите опашки ги држат нагоре, кренати во воздух, како знамиња за заедно да се задржат членовите на групата.
  11. Прстенестоопашестиот лемур е еден од најгласните примати. Тие користат вокализација, како што се држење на групата заедно па дури и јавување на некаква опасност.
  12. Најчесто се раѓа по едно младо, но појавата на близнаци е знак на добра и обилна исхрана.
  13. За жал, овие животни стануваат сè позагрозени поради ретките, суви шуми (југозападниот дел на Мадагаскар) во кои тие живеат. Сечењето на овие шуми, заради поголема површина на обработливо земјиште, станува сè поалармантно, а со тоа и бројот на нивните природни живеалишта се намалува.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s