Занимливости

Нобелова награда: Што, како, кога?

Кратка прошетка низ времето...

Едно од најголемите признанија кое што научниците и истражувачите може да го добијат за својата работа е Нобеловата награда. Така секоја година на 10 декември (датумот кога Алфред Нобел починал), се презентира работата или откритието на годинешните Нобелови лауреати, каде што најуспешните во своите полиња добиваат диплома и медал од самиот крал на Шведска, односно од кралот и кралицата на Норвешка.

Но, знаете ли кој бил Нобел? Како е точно пронајден динамитот? Знаете ли дека самиот пишувал поезија и драма, а во својата приватна библиотека имал повеќе од 1.500 тома? Колку патенти имал до крајот на животот? После колку години од неговата смрт биле доделени првите Нобелови награди?

Нобелова награда: Што, како, кога?
„Домот е онаму каде што работам, а јас работам насекаде.” – Алфред Нобел

Во продолжение Ви прикажувам повеќе за неговиот живот и неговите интереси – науката, пронајдоците и претприемништвото.

Кој бил Алфред Нобел?

Алфред Нобел е роден на 21 октомври 1833 година во Стокхлом, Шведска. Неговиот татко, Имануел бил инженер и пронаоѓач. Тој градел згради и мостови и експериментирал на различни начини за минирање на карпи. Поради загубата во бизнисот, таткото на Алфред бил приморан да се пресели во Русија, во Санкт Петерсбурк. Во 1842 година, Алфред заедно со својата мајка и трите браќа се селат во Русија кај својот татко. Тука добиваат врвно школување, па така Алфред на своите 17 години знаел да пишува и збори на шведски, руски, германски, француски и англиски јазик.

Алфред најмногу го интересирала англиската литературата и поезија како и хемијата и физиката. Неговиот татко не бил импресиониран од неговото интересирање за поезијата, па така го праќа Алфред на студии за хемиски инженер. Токму затоа тој почнува да патува низ Шведска, Германија, Франција и Соединетите Американски држави. Во Париз, Алфред работел во лабораторија кај професорот Теофил Жил Пелуз (Théophile-Jules Pelouze) познат хемичар.  Таму го запознава младиот италијански хемичар, Асканио Собреро (Ascanio Sobrero), кој 3 години претходно го пронаоѓа нитроглицеринот, висока експлозивна течност, која што се сметала за опасна за да се употребува во праксата.

Нобелова награда: Што, како, кога?
„Осаменик без книги и мастило е веќе мртов човек во животот.“ – Алфред Нобел

Алфред бил многу заинтересиран за нитроглицеринот и за неговата пракса во конструкцијата, па така кога тој се вратил од неговите студии во Русија, работел заедно со неговиот татко на развивање на нитроглицеринот како комерцијален и технички употреблив експлозив.

Нобел се враќа во Шведска во 1863 година, каде што продолжува со експерименти, кои за жал завршуваат со несреќи каде што загинуваат неколку луѓе, меѓу кои и неговиот помлад брат, Емил. Владата ги забранува овие експерименти во Стокхлом, односно да се вршат во границите на самиот град. Меѓутоа Алфред не се откажува и заминува на езерот Меларен, каде на товарниот брод ги продолжува своите експерименти. Така во 1864 година тој почнува со масовно производство на нитроглицеринот.

Нобелова награда: Што, како, кога?

Пронаоѓањето на динамитот

Алфред преку своите експреименти, во 1866 година пронаоѓа дека мешањето на нитроглицеринот со дијатомејска земја, ја претвора течноста во паста, смеса која што може да се обликува во прачки. Овие прачки подоцна би можеле да се вметнуваат во дупките направени со дупчење. Така оваа смеса ја патентира и ја нарекува динамит. Тој исто така го измислил и детонаторот.

Нобелова награда: Што, како, кога?

Динамитот имал голема побарувачка во градежната индустрија, па така Алфред имал 90 фабрики во повеќе од 20 земји. Тој исто така експериментирал и во правењето на синтетичката гума, кожа и вештачката свила. До својата смрт во 1896 година тој имал 355 патенти.

Последната желба на Алфред Нобел – Нобелова награда

Алфред умира во Сан Ремо, Италија на 10 декември 1896 година. Како негова последна желба во тестаментот напишан на 27 ноември 1895 година, се наведува дека тој сака голем дел од неговото богатство да се користи како награди за оние кои што го дале најдоброто за човештвото во областа на физиката, хемијата, физиологијата или медицината, литературата и мирот.

Нобелова награда: Што, како, кога?

Меѓутоа сите не биле задоволни од оваа негова одлука. Неговите роднини и властите од различни земји се противеле на оваа желба. Им требало 4 години за да се согласат на последната желба на Алфред, па така во 1901 година за прв пат се доделени Нобеловите награди за физика, хемија, физиологија или медицина и литература во Стокхлом, Шведска и Нобеловата награда за мир во Кристијанија (сегашно Осло), Норвешка.

Нобелова награда: Што, како, кога?

Се надевам уживавте во оваа кратка прошетка низ времето.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s