Занимливости

Како би изгледала Елса доколку има контрола врз некој од другите елементи?

Мислам дека секој од овие ликови има потенцијал за интересна приказна на големото платно.

Новостите дека следува втор дел од прекрасниот анимиран филм Frozen, повторно ги инспирира артистите да создаваат креативна уметност поврзана со ликовите. Овој пат станува збор за трансформација на Елса, односно за создавање нови ликови кои имаат контрола врз другите елементи…

Како би изгледала Елса доколку има контрола врз другите елементи?

Ова е Елса како што сите ние добро ја познаваме. Во продолжение погледнете ги другите ликови кои имаат контрола врз сосема други елементи… Креативна идеја, се согласувате? Мислам дека секој од овие ликови има потенцијал за интересна приказна на големото платно.

Стела – Светлина

Како би изгледала Елса доколку има контрола врз другите елементи?

Запознајте ја Стела, принцеза која одлично се снаоѓа со манипулацијата на светлината. Доколку се плашите од мракот или само сакате да уживате во холографски проекции, тогаш Стела би можела да биде вашата совршена пријателка. Да не заборавиме на фактот дека би била одличен борец со својата способност да креира светлосни експлозии.

Аква – Вода

Како би изгледала Елса доколку има контрола врз другите елементи?

Аква и Елса би имале проблем со сложувањето, ако се земе во предвид фактот дека Елса би ја замрзнувала целата работа на Аква. Но, замислете колку би било одлично да се гледа како таа ја користи својата моќ за да ги контролира океанските води…

Феникс – Оган

Како би изгледала Елса доколку има контрола врз другите елементи?

Зборувајќи за девојки кои не би се согласувале, Феникс изгледа како личност која би започнувала битки со сите. Но, зарем можете да ја обвините? Не е нејзина вина што постојано ќе го топи ледот на Елса и што ќе ја претвора водата на Аква во пареа! Но, дефинитивно би било интересно да се гледа како таа манипулира со огнот.

Флора – Земја

Како би изгледала Елса доколку има контрола врз другите елементи?

Со својата способност да ја контролира земјата, Флора е малку потврдоглава и посаркастична од другите девојки. Но, тоа не значи дека таа е помалу сакана, лојална и искрена личност. Баш напротив, нејзината поврзаност со природата е исклучителна и токму поради тоа таа ги гледа работите од сосема поинаква перспектива.

Фри – Воздух

Како би изгледала Елса доколку има контрола врз другите елементи?

Фри најверојатно би била најопуштената во групата. Па, зарем би биле нешто повеќе доколку вашето име исто така значи „Слободна“? Таа е миротворец и секогаш успева со многу малку напор да најде начин како да ги реши и најголемите проблеми.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s