Колумни

Љубов

Како моите искуства го обликуваа начинот на кој ја доживувам љубовта.

Љубовта е нешто кое треба да се заслужи, не можете едноставно да се заљубите на прв поглед, тоа не се случува како гром од ведро небо. Страстта е друга работа, таа доаѓа и заминува. Страста може да исчезне исто толку брзо колку што и да се појави. Љубовта е жива материја која мора да се оджува за да трае. Да ѝ бидете лути на љубовта е исто како да му се налутите на сонцето затоа што загрева, можете да се нервирате колку сакате, но вие нема да можете да промените ништо, љубовта ќе биде околу нас сигурно како што и сонцето ќе изгрее наутро. Вашата љубов може да се засилува, но и може да се намалува исто како што и сонцето изгрева и заоѓа секој ден, но запомнете дека љубовта нема да ве напушти, таа засекогаш ќе биде дел од вашиот живот.

Љубов

Секогаш постои ризикот дека може да бидете повредени кога ќе го отворите вашето срце, но искуствата со кои ќе се здобиете не можат да бидат заменети од ништо. Со тоа што ќе го отворите вашето срце вие можете да ја пронајдете вашата сродна душа, вашиот доживотен партнер, личноста која ќе направи да бидете најсреќната личност на планетава со тоа што ќе ви се насмевне. Земајќи го тоа во предвид, неколкуте скршени срца со кои ќе се здобиете по патот се многу мала цена која ќе треба да ја платите во замена за животот што ќе го имате кога ќе ја најдете личноста со која ќе го поминете останатиот дел од вашиот живот, личност која ќе ве сака исто толку многу колку што ја сакате и вие неа, личноста која ќе биде со вас без разлика на тоа што се случува сега или што се случило во минатото, личност која ќе ве сака без разлика на тоа што прават или зборуваат други луѓе.

Ако навистина сакате да бидете среќни и ако сакате да ја најдете вашата вистинска љубов морате да бидете спремни да не ја најдете совршената личност која сте си ја замислиле во вашата глава. Нема да најдете ни следно најдобро, ни после тоа… Ќе најдете личност која не е совршена, но ви прилега на вас совршено, личност која има маани и несовршености, која е различна од тоа што сте мислеле дека го сакате, но таа ќе биде единствената личност која ќе ве прави среќни, која ќе ве насмевнува и разведрува дури и кога животот ве онерасположува, таа ќе ве натераат да ја видите светлата страна на сè, ќе ви докаже дека ќе биде со вас во најдобрите денови од вашиот живот како и во најлошите.

Љубов

Мора да бидете сигурни во себе, бидејќи и ако сè во вашиот живот не успее, вие ќе имате успех во форма на вашата љубов, бидејќи ако сакате некого и тој некој ве сака вас, сè друго е на втор план, ништо друго не е важно бидејќи вие сте го достигнале најважниот дел од вашиот живот, безусловна љубов. Мене љубовта ме направи да бидам подобра личост и таа ми даде инспирации и стимулации да работам повеќе во сите аспекти на мојот живот. Повторно ќе ви кажам, едно или две скршени срца се мала цена која секој мора да ја плати за да си ја најде сродната душа. Да си го заклучите срцето и да го фрлите клучот е најлошата работа што можете да ја направите ако некој ве повреди. Чувајќи се во вас скриено и затворено е темпирана бомба која е спремна да експлодира и да ве повреди уште повеќе отколку само да сте се соочеле со вашите чувства додека сте ги искусувале.

Кога ќе се соочите со вашите емоции вие ќе станете посилни од што сте мислеле дека е возможно и ќе научите дека ако некој ве повредил, тие не го заслужуваат вашето внимание, не заслужуваат да имаат место во вашиот живот, во вашата иднина. Сè што тие треба да бидат е една мала точка во вашето минато. Вие сте единствената личност која може да ја избрише болката која ви била нанесена од друга личност, затоа секогаш бидете силни и спремни за сè, очекувано и неочекувано, сите воздигнувања и падови, за деновите кога ќе се чувствувате како ништо да не може да ве сопре и деновите кога тежината на светот е преголема да да можете сами да ја носите. Ако успеете да се пронајдете себеси, ако се соочите со сите ваши емоционални лузни и со време ги избришете од постоење, вие ќе можете да се борите за сè што сакате, сите желби и копнежи на вашето срце можат да бидат остварени и вие ќе бидете среќни со себе.

Љубов

Ова што го имам напишано тука е само мојата гледна точка за животот и љубовта, како јас мислам дека треба да се соочуваме со поранешните рани и како да им дозволиме на истите да ни го обликуваат животот и да не припремат за сè што може иднината да ни донесе. Најважната работа е да си го земете животот во ваша контрола, да правите сè што можете да постигнете повеќе. Немојте да живеете ден за ден за важните работи, испланирајте ги, но немојте ни да одите во другата крајност, да планирате сè. Понекогаш не сè ќе оди по планот и може да се разочарате. Понекогаш дозволете си малку спонтано однесување, сменете си ја бојата на косата, или должината, сменете го начинот на кој што се шминкате или пак не се шминкајте одреден период, пронајдете што ве прави среќни и правете го тоа. Излегувајте, запознајте нови луѓе, најдете некој кој ќе ви го направи животот полесен, а не потежок. Сите заслужуваат љубов толку легендарна која ќе ве инспирира да ја споделите со други луѓе за да им помогнете да разберат дека љубовта вреди сè што животот ќе ви фрли по патот.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s