Филм и ТВ

Нови хорор ТВ серии кои не се за оние со слабо срце

Во овие приказни доминираат застрашувачки и грозоморни сцени, голотија, крв и различни видови на ужасности, па токму затоа не се препорачуваат за оние со слабо срце.

Годинава имавме можност да видиме приказни од најразлични жанрови на малите екрани, но постојат неколку ТВ серии кои не секој би можел да ги гледа. Во овие приказни доминираат застрашувачки и грозоморни сцени, голотија, крв и различни видови на ужасности, па токму затоа не се препорачуваат за оние со слабо срце. Експлицитните сцени кај наредниве 3 серии ќе ве остават без зборови, па дури и ќе ве натераат да се запрашате каде исчезнаа границите.

Нови хорор ТВ серии кои не се за оние со слабо срце

1. Penny Dreadful

Застрашувачки психолошки трилер кој спојува голем број на класични хорор приказни со нови и свежи ликови и ги претвора во одлична драма за возрасни.

2. Helix

Тим од научници се соочува со потенцијално смртоносна ситуација на Арктикот каде што се појавува вирус кој изгледа дека има контрола врз луѓето.

3. The Strain

Тим од научници се обидува да спречи мистериозна епидемија на антички вирус која ги претвора луѓето во еден вид вампири.

Со исклучок на The Strain, која јас мислам дека е и повеќе од одвратна (изгледа и јас имам граници за серии), Penny Dreadful и Helix имаат прилично интересна приказна, па доколку не ви пречат „тешките“ сцени или сте подготвени да ги игнорирате (како што правам јас), тие би можеле да бидат одличен начин за да го поминете вашето слободно време и малку да избегате од монотоноста на секојдневието…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s