Занимливости

Игри кои никогаш нема да престанам да ги играм

Игри кои колку и да ги играм никогаш нема да ми здосадат :D

Сите ние ги имаме оние игри кои не потсетуваат на детството како Super Mario или Battle City. Но, следниве неколку игри, без разлика на годината кога биле популарни, се игри кои едноставно никогаш нема да престанам да ги играм…

Игри кои никогаш нема да престанам да ги играм

1. Supaplex

Оваа игра беше една од моите омилени кога бев помала. Главниот лик е Pacman-like и е црвен, а целта на играта е да се соберат одереден број атоми и да се најде излезот.

2. Need For Speed Underground 2 / Most Wanted

Овие две се моите омилени игри со тркање. Underground 2-ката ми е all-time favorite и мислам дека никогаш нема да прекинам да ја играм 😀

3. Age Of Mythology / Titans

Стратегија во која треба да управувате со цивилизација (Egypt, Greek, Norse и во Titans – Atlantis) и треба да ги развивате низ четири ери со цел да го победите непријателот. Има кампањи со мисии и опција да се игра multiplayer против AI или против други играчи.

4. Sims 2

Сите ја знаеме оваа игра и сигурна сум дека сите сме останале пред мониторот повеќе отколку што сакаме да признаеме играјќи ја. За жал сè уште не е компатибилна со Windows 8 и не можам да ја играм на мојот лаптоп… 😦

5. League Of Legends

Не треба да објаснувам ништо повеќе за оваа MOBA игра затоа што е најиграната на светот, со повеќе од 75 милиони корисници дневно.

6. Neverwinter / Star Trek Online / The Lord Of The Rings Online

Сите овие се игри MMORPG игри во кои правите карактер и со истиот имате цел да завршувате мисии во соодветните универзуми.

7. Tomb Raider

Можеби една од првите игри што сум ги играла како мала, почнувајќи од првата, па сè до последната која излезе пред некоја година. Tomb Raider ми се омилените TPS игри кои постојат! 😀

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s