За оваа апликација на неделата решив да ја издвојам играта Angry Birds Stella. Како и секогаш, Ровио одлично си ја завршија својата работа и ни направија ново супер продолжение од лутите птици, но овој пат со женски лик во главната улога. Јас веќе неколку дена ја „тестирам“ оваа игра и мора да признаам дека е исто толку заразна како претходните. Стела и нејзините пријателки имаат сосема нови „способности“, а токму тоа доведува мало освежување во оваа серија. Играта е достапна за корисниците на WP, iOS и Android.