Занимливости

Идеи за романтичен состанок со вечера за двајца

За совршена романтична вечера, потребни сте само вие двајца и без сомнение таа ќе биде незаборавна...

Дали сакате да испланирате една незаборавна вечера за некој кој ви значи? Еве 9 идеи за романтична вечера кои се лесни за планирање и би биле многу забавни. Тоа е посебен состанок кој ги зближува двајцата партнери и ја распламнува љубовта во зачинета романса.

Доколку  сте во нова врска, можеби сакате да поминете вечера во некој интимен ресторан во градот само за да го направите моментот посебен, но и кога сте во подолга врска, можеби ќе сакате да го испробате секој нов ресторан заедно за да се задржи врската возбудлива и свежа.

Идеи за романтичен состанок со вечера за двајца

Повеќето од нас го имаат заборавено она „вечера“ за состанок во денешно време. Се работи за уживање еден со друг во топлиот сјај на љубовта…

Романтичниот состанок на вечера може да биде забавен, егзотичен, авантуристички, евтин, па дури и скап, но она што навистина е важно за секој состанок е кога ќе се присетите да помислите на тоа  колку ви било забавна таа ноќ и колку сте се поврзале еден со друг. Еве 9 идеи за романтичен состанок со вечера за двајца кои се уникатни, забавни и дефинитивно незаборавни…

Вечера со свеќи во дворот

Можете да имате вечера во ресторан, а потоа да седнете на десерт во вашиот двор, или можете да нарачате достава до дома од вашата омилена храна. Поставете мала масичка во дворот на која би можеле и двајцата да седнете блиску еден до друг и запалете неколку свеќички кои атмосферата ќе ја направат волшебна. Хранете се еден со друг и разговарајте за тоа колку сте среќни што овој момент го споделувате заедно.

Вечера дома

Ако сте добар готвач, покажете ги вашите кулинарски вештини и поканете го вашиот партнер на вечера дома. Ова не е добра опција за првиот состанок бидејќи домот е прилично личен и може на крајот да завршите во спалната соба. Доколку сте со некој кој навистина ви значи, тоа ви дава шанса да покажете колку посебна е таа личност за вас. Ако немате свои рецепти, побарајте некој рецепт на интернет и подгответе нешто во кое вие и вашиот партнер ќе уживате. Ова е едноставено и лесно, и во зависност од вашите кулинарски вештини, можете да оставите еден незаборавен впечаток.

Идеи за романтичен состанок со вечера за двајца

Вино со музика во живо

Музиката во живо може да биде совршен придружник за романтична вечера. Изберете ресторан со џез и соул блуз во живо или било каков вид на музика која прави да се чувствувате опуштено и секси во исто време. Нарачајте вино и ќе се чувствувате навистина пријатно и романтично во топлиот, мек сјај на загасени светла и непречена музика околу вас која ќе ги поттикне вашите чувства.

Долго возење до целта

Некој некогаш рекол дека патувањето е многу поважно од целта. Ако двајцата имате повеќе слободно време, тргнете рано навечер кон некое посебно место кое е на еден час или пак подалеку. Уживајте во патувањето, имајте слатки разговори и создадете сеќавања на кои кога ќе помислите ќе се појавуваат пеперутки во вашиот стомак. Доколку небото е ведро може и да излезете од автомобилот и да уживате во вашите прегратки под ѕвездите.

Идеи за романтичен состанок со вечера за двајца

Земете пица и одете на некое убаво место

Ова е многу едноставна идеа. Без врева, без проблеми… Само спомени. Облечете нешто удобно, земете пица по пат и тргнете кон некое романтично место, било да е тоа кеј или на мирна улица. Понекогаш, дури и седењето во еден парк со пица и пијалок на клупа и набљудувањето на другите кои минуваат може да направи сè што е околу вас да изгледа толку идилично и блаженствено.

Пробајте нешто ново заедно

Секогаш има нова кујна која треба да се проба. Ако и двајцата не сте пробале одредена кујна, сепак, искористете ја шансата да пробате нешто заедно за прв пат. Што поегзотично звучи, толку подобро. Ова ќе биде ново искуство за двајцата, кое заедно ќе го споделите.

Идеи за романтичен состанок со вечера за двајца

Необична вечера

Се чувствувате авантуристички? Сретнете се на некоја улица на која продаваат храна. Прошетајте  и јадете нешто што ви фаќа око. Иако можеби тоа ќе биде нездрав оброк, тоа е она што го прави толку многу забавно! Не е важно дали тоа е храна од некоја мала сендвичара, парче храна која ќе ја поделите заеднички по пат, на пример, коштани, печена пченка или крофни од плоштад… Погрижете се дека двајцата ќе го завршите денот со порција сладолед пред да заминете дома. Тешкиот десерт е секогаш многу забавен, а и вкусен!

Романтичен ресторан

Ова е состанок во своето најдобро издание. Многу предвидливо, но, исто така и незаборавно ако го изберете совршениот ресторан со совршен амбиент. Лесно можете да најдете ваков ресторан, во кој нема гужва и е декориран со свеќи и романтична музика. Уживајте во храната и пијалоците, и допрете го/ја со ногата дискретно под масата. Тоа е добар знак за тоа што следува по вкусниот оброк.

Идеи за романтичен состанок со вечера за двајца

Нарачајте достава до дома и гледајте филм

Ова е многу опуштачко и едноставно. Нарачајте храна дома, фрлете ги вашите чевли, потонете во каучот и уживајте во омилениот филм. Доколку изберете некој романтичен филм можете и да добиете идеа за заситување и на други чувства освен гладта. Сигурно ќе ви биде многу удобно.

За совршена романтична вечера, потребни сте само вие двајца и без сомнение таа ќе биде незаборавна.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s