Занимливости

Направи сам: Празнични декорации

Декорирајте ја елката и домот со украси кои сами ќе ги направите.

Декорирајте ја елката и домот со украси кои сами ќе ги направите. Големи се шансите сите потребни материјали да ги најдете во вашиот дом, а ви гарантирам и дека ќе ви биде многу забавно.

Направи сам: Празнични декорации

Дрвена лажица Дедо Мраз

Бојадисајте го широкиот дел од лажицата со ликот на Дедо Мраз. Крајот од лажицата бојадисајте го со бела боја, како би му нацртале бела брада. Додадете насмевка и очи, а рачката искористете ја за неговата капа со што би ја бојадисале црвена, а на врвот бела. Нека бојата се исуши па можете да му закачите конче кое подоцна ќе ви помогне да го поставите на новогодишната елка или на било кое друго место во домот.

Направи сам: Празнични декорации

Ирвас од вински тапи

Бојадисајте две тапи од вино, бели или кафени по ваша желба. Нека се исуши. Додека чекате, земете четири чепкалки кои би служеле како нозе и уште една која би ја скршиле на половина за потоа со неа да ги поврзете главата и телото на ирвасот. На тапата која ќе биде глава, нацртајте му очи и уста со црн маркер и залепете некое розево топче кое ќе биде носот на ирвасот, исто како на сликата. Најдете две суви гранчиња на кои можете да залепите светки и боцнете ги на главата како рогови. Поврзете ги главата и телото и на крај поставете му ги нозете. Може и да му закачите и некое ѕвонче на вратот кое исто така ќе служи како закачалка.

Направи сам: Празнични декорации

Домашни честитки со елка

Од зелен лист хартија исечете парчиња во форма на елки и залепете ги на обични пликоа. Потоа исечете мали кругови во разни бои и исто така залепете ги на елката како нејзини лампиони. Доколку имате деца ова ќе биде вистинска забава за нив, а баба и дедо ќе бидат уште посреќни доколку добијат честитка која нивното внуче ја направило со своите десет прстиња.

Направи сам: Празнични декорации

Зимзелен украс за на маса

Скршете неколку гранчиња од зимзеленото дрво во вашиот двор и пробајте да ги исплетете во плетенка како што правевте венчиња со цвеќенца кога бевте мали. Поставете го на средина на масата и збогатете го со неколку шишарки. Не само што ќе изгледа убаво туку тоа и ќе мириса убаво.

Направи сам: Празнични декорации

Топка од сијалички

Земете топка за играње или од стиропор со средна големина, па околу неа со леплива лента залепете ги новогодишните сијалички. На жицата од сијаличките врзете конец или некоја украсна лента која ќе ви помогне топката да ја закачите на таванот или на друго место по ваша желба. Може да направите повеќе вакви топки и во вашиот дом ќе имате светлина која ќе зрачи со празнична енергија.

Направи сам: Празнични декорации

Снешко од портокали

Земете три портокали различни по големина и поврзете ги вертикално со чепкалки за заби. На едно плоснато колаче залепете неколку бомбони со што би му направиле шапка. Ставете сламки или лижавчиња како раце, нос од сламка, нацртајте му очи и на крај од сламки исплетете му шал.

Направи сам: Празнични декорации

Украси од калапи за колачиња

Откако ќе завршите со подготовка на празничните колачиња можете да направите и уникатни декорации на прозорците за само неколку минути од калапите. Врзете украсни ленти и поставете ги да висат на прозорот или на елката во форми, како што се ангели, ѕвона, ѕвезди, елки и слично…

Направи сам: Празнични декорации

Зимски свеќници

Обичните свеќници ви изгледаат премногу обично за овој дел од годината? Додадете им снегулки од самолеплива хартија на чиста стаклена површина. Снегулките кои ќе ви останат можете да ги расфрлате низ целата маса.

Направи сам: Празнични декорации

Слатки нешта во слатки пакувања

Земете ги најслатките работи кои ќе ги најдете во вашата кујна и ставете ги во најобична тегла. Теглата покријте ја со црвено-бело парче крпа или хартија. На крај врзете ги со украсна лента. Ова ќе биде добро и за вашето здравје затоа што ќе ви биде жал да ја отворите теглата за да земете колачиња.

Направи сам: Празнични декорации

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s