Безглутенска категорија

Необични симптоми кои укажуваат на проблем со глутенот

Се верува дека околу 18 милиони луѓе страдаат од проблеми со глутенот, меѓу кои мора да признаам дека сум и јас, па слободно можам да кажам дека токму ние сме оние кои ја сфативме поврзаноста на глутенот со овие необични симптоми…

Изгледа дека нетолерантноста на глутенот преминува во епидемија. Поголемиот дел од докторите се запознаени со целијакијата и со дигестивните проблеми кои ги предизвикува чувствителноста на глутенот, но дел од нив не се сретнале со оние симптоми кои не се поврзани со дигестивниот тракт, а ги предизвикува оваа состојба. Се верува дека околу 18 милиони луѓе страдаат од проблеми со глутенот, меѓу кои мора да признаам дека сум и јас, па слободно можам да кажам дека токму ние сме оние кои ја сфативме поврзаноста на глутенот со овие необични симптоми…

Необични симптоми кои укажуваат на проблем со глутенот

Мигрени и главоболки

Одамна е познато дека чувствителноста на било која храна може да предизвика мигрени и главоболки, а глутенот не е воопшто различен во тоа. Една неодамнешна студија покажала дека 56% од луѓето кои биле дијагностицирани со мигрени главоболки биле и чувствителни на глутен. Откако се отстранил глутенот од нивната исхрана, тие успеале да го решат и проблемот со мигрените.

Замаглено размислување

Глутенот содржи „gluteomorphines“ кои можат да се однесуваат како морфинот и кај некој луѓе да предизвикуваат замагленост на мислите. Тој исто така може и да го нападне мозокот, притоа предизвикувајќи воспаление кои исто така може да доведе до замагленост при размислувањето.

Депресија

Глутенот може да предизвика оштетувања на ѕидовите на цревата и со тоа да ја намали нивната способност за апсорбирање на витални хранливи материи како витамин Б, железо, витамин Д, омега 3 и цинк. Овие хранливи материи се клучни за одржување на расположението и здравјето на вашиот мозок.

Болки во зглобовите

Кај оние личности кои не поднесуваат глутен, телото почнува да го напаѓа и со тоа се формираат имуни структури кои се сместуваат во зглобовите и предизвикуваат потекување, болка и воспалние.

Осипи на кожата

Нетолерантноста на глутенот може да создаде голем број на воспаленија на кожата. Токму затоа доколку имате необјасниви осипи, во комбинација со било кој од другиве симптоми можеби би требало да се консултрате со доктор за вашата исхрана.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s