Писмата од Мишима

Крајот е само почеток

Крајот е само почеток на нешто ново...

 

krajot-e-samo-pocetok-marsovka-na-zemjata-tekst

Интерсно е како некои луѓе влегуваат сосем случајно во нашите животи. Се сеќавам кога се запознавме прв пат. Сончев, но студен ден. Февруари. Изгледаше како секој обичен ден. Но, не претпоставував дека оттогаш ќе се сменат многу работи, дека во мојот живот ќе влезе некој што долго ќе го памтам. Поминувајќи покрај клупата, седеше тој. Со мојата најдобра другарка. Откако ми го претстави, тој учтиво стана за да се поздрави со мене. Прво што забележажав е дека имаше преубава насмевка. А очите… Прекрасни темно кафени, дури и црни, како моето утринско кафе. Имаше нешто во него, што не ми даваше мир.

Понекогаш се слушавме, се допишувавме, се гледавме, па исчезнувавме некое време, па се појавуваме. Различни луѓе доаѓаа и си одеа од мојот живот, но секогаш потајно помислував: Како е? Што прави сега? Едноставно не ми излегуваше од мојата глава.

Понекогаш се среќававме на автобуската станица. Само да знаеше колку ми значеа тие неколку минути поминати заедно со него. Тоа беше мојата доза потребна за цел ден да го поминам со скриена насмевка на лицето.

Колку само ми личеше на главниот јунак од мојата омилена книга. Иако тој ужасно го мразеше тој лик, не беше свесен колку е сличен на него. Неговото однесување, манири, зборење, сè ме потсетуваше на него. Но, нашата приказна не заврши ни приближно среќно како во книгата…

Никогаш нема да го заборавам тој ден во Градината. Беше како мало дете. Толку искрено се радуваше. Човек од 190 cm, а во душата заробено, потиснато дете. Знам дека уживав додека те гледав, додека фотографираше и се смееше. Во негово друштво беше лесно. Толку убаво. Времето поминуваше за миг. Ја сакав и тишината. Не беше онаа непријатна тишина, напротив некако и двајцата уживавме. Немаше потреба од зборови.

Но, знам дека морав да те пуштам. Секогаш потајно се надевав дека ќе допрам некако до тебе, но залудно. Никогаш не ми дозволи. Морав да те оттргнам од себе. Сама се давев во надежта, која е душман на сегашноста. Се надевав дека ќе биде утре, притоа пропуштајќи го сегашниот миг…. Силно го гушнав. Знаев дека е крај. Морав да се одалечам од него ако сакам да продолжам понатаму. Ја изгубив битката. Победија неговите духови од минатото. Знаев. Конечно си признав самата на себе… Никогаш нема да бидам таа. Ни приближно како неа. Таа вистинската. Неговата љубов. Тој никогаш не ми дозволи да бидем дел од неговиот свет. Кога полека се качував по скалите во зградата, очите ми се наполнија со солзи. Непречено течеа.

Но, срцето тивко ми велеше: Крајот е само почеток на нешто ново…

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s