Занимливости

Совети од Маја: Грижа за вашата мачка

Нешто повеќе за негата на очите, забите, канџите и ушите на Вашиот пријател...

Се одлучивте и ја донесовте Вашата мачка во новиот дом. Ја сакате, ја обожавате и сакате да ѝ обезбедите квалитетен и здрав живот. Така, во прилог има нешто повеќе за негата на новиот член од семејството, кое што мислам дека ќе биде корисно за оние кои прв пат чуваат мачка.

Нега на ноктите

Мачките имаат канџи. И да, редовно ги острат. Тоа може да биде од Вашиот кауч, фотеља, рамката од вратата. Тоа е инстиктивно и не можете да ја спречите Вашата мачка во тоа. Може само да ја обесхрабрите, но не можете и да ја обвините. Доколку се движи и надвор од Вашиот дом, таа ќе го прави тоа на дрвјата, но доколку не, тогаш мора да најдете некое решение. Тоа се најчесто столбовите за острење на канџите, кои можете да ги најдете во пет шоповите, или пак, да ги направите сами. Оваа навика, милениците треба да ја стекнат што порано. Може и да им ги скратите канџите, но за ова посоветувајте се со Вашиот ветеринар, за да ви објасни до каде смеете да ги кратите.

Maine Coon female cat, Serafin, using a scratch post

Нега на ушите

Повеќето мачки целиот свој живот го поминуваат без никакви проблеми со ушите, иако нивните сопственици никогаш не им ги чистеле. Но, доколку забележите некаква промена кај Вашиот миленик, почнувајќи од наслаги со темно кафена боја, интензивно чешање на ушите, па сѐ до непријатен мирис, веднаш појдете кај Вашиот ветеринар. Никогаш не превземајте ништо на своја рака, бидејќи има разни причинители кои би можеле да ја предизвикаат таа промена, за кое треба дијагностика и правилна терапија. Па, така наместо да помогнете, можете само да му одмогнете на Вашиот пријател.

Grey-and-white cat scratching its ear

Нега на очите

Доколку Вашата мачка не припаѓа на брахицефаличните раси (раси со кратка, рамна муцка, како на пример Персиската, Британско кратковлакнестата, Егзотичната или Хималајската раса), ретко ќе имате потреба да ги чистите нејзините очи. Малата количина на исцедокот кое што се собира во аголот на очите кај мачката, особено после дооолгото спиење, се отстранува со меко, чисто марамче. Доколку забележите било каква промена со очите на Вашата мачка, како промена во количината, бојата на исцедокот, држење на затворено око и слично, треба да го посетите Вашиот ветеринар.

ochi-soveti-od-maja-sharenamarsovka.wordpress.com

Нега на забите

Треба редовно да ги прегледувате забите на мачката, поради можната појава на забен камен. Овие темни наслаги може да водат до пропаѓање и губење на забите. Доколку забележите забен камен, посетете го Вашиот ветеринар за да го исчисти. Може да го превентирате ова со давање на цврста, сува храна. Никогаш, ама НИКОГАШ не ѝ давате коски на Вашата мачка. Прво, тие немаат голема хранлива вредност, може да доведат до поткршување на забите, па сè до тоа да се заглават во хранопроводот или во понатамошниот дигестивен тракт, па да предизвикаат руптура и Вашиот миленик да заврши итно на операциска маса.

Млечните заби на мачката се менуваат помеѓу 3 и 6 месец и добро е редовно да го следите овој процес, при замена на млечните со постојаните заби. Доколку некој млечен заб сè уште не е заменет со постојан, консултирајте се со Вашиот ветеринар.

zabi-soveti-od-maja-sharenamarsovka.wordpress.com

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s