Писмата од Мишима

Повик

Оваа пролет сѐ се смени...

povik-marsovka-na-zemjata

Не го очекував твојот повик. И онака кренав раце од тебе. Зошто тогаш се јави? Сѐ измеша. Потребен ти е само со некој да правиш муабет? Колку време те познавам, јас никогаш не сум била човекот за тоа.

Зошто ме натера да помислам на некои работи? Не, навистина немаше потреба да правиш одредени работи. Само ме лизна на тенок мраз, на кој јас настрадав. Спонтаните излегувања, чекањето за како сум поминала на разговор за работа, свирењето гитара, тортата за мојот роденден, клучот од твојот стан за да внимавам на твојот Мишко. Прашањата поврзани со мојата омилена книга. Па, ти дури и се потсмеваше на тоа што го читам, а сега се интересираш за тоа. Да, тоа го прават другари.

Но, ја знаеше ланската ситуација, ги знаеше моите чувства за тебе. Кога последен пат се видовме, навистина мислев дека можам да бидам другарка со тебе. И вистината беше, чувствата ги немаше, сѐ беше нормално. Но, како што времето поминуваше, тие повторно се појавија. Цело време биле само заспани. Колку повеќе се трудев да ги негирам, потиснувам во себе, толку повеќе се повредував.

Најмногу ја мразам онаа тајна што ми ја кажа. Навистина тежи. Со оглед на тоа дека само јас и уште еден човек ја знаеме, ја прави прилично тешка. Ме остави цел живот да знам за неа, а да не можам на никој да ја кажам. Таа случка беше почетокот на она што си денес. За тоа што секогаш носиш еден огромен оклоп околу себе, можеби и што си толку себичен за луѓето околу себе, жеден за нивната љубов. Не, не е девојка во прашање. Кога ми кажа што ти се случило, тоа беше последно на кое што помислив.

Доста ми е. Ми треба нов почеток, нова приказна. Морав да го послушам мојот внатрешен повик. Вака само се вртам во еден маѓепсан круг. Тешко, болно, но барем мирно спијам. Знаејќи дека сум направила сѐ, без понатаму да се каам, дека не сум признала, кажала што сум чувствувала.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s