Занимливости

Запознајте ги подобро расите: Руска сина мачка

Знаете од каде потекнува оваа раса? Дали ја има само во сива боја? Дознајте повеќе...

Руска сина е прекрасна раса која со својата елеганција, светло зелените очи и невообичаената боја и текстура на крзното ќе Ве шармира на прв поглед. Иако по природа е срамежлива, оваа мачка е приврзана кон своето семејство.

Руска сина мачка

Историјат

Како што сугерира самото име, расата Руска сина потекнува од Русија. Но, потеклото на оваа раса, како и на многу други не може да се утврди со сигурност.

Пред околу 200 години, постоеле мачки со сино крзно во областа околу градот Архангелск (градот може да се најде и под името Архангел), пристаниште на Белото Море. Англиските трговци ги донеле овие мачки во Велика Британија во средината на 19-от век, каде што биле познати под името „Архангелск мачка“ или „Архангел сина“.

Темперамент

Темпераментот на оваа раса не е сличен со ниту една друга раса. И покрај тоа што тие понекогаш сакаат многу да играат, дури и во поодминатите години, во суштина оваа раса е доста мирна по природа. Тие уживаат во својот комфорт и можат со часови да лежат на едно место, најчесто во скутот на некој член од фамилијата. Повеќето припадници од оваа раса мразат бучава и гужва и се доста срамежливи со луѓе кои не ги знаат, па така тие ќе исчезнат доколку имате посетители. Членовите на оваа раса генерално добро се сложуваат со други мачки и кучиња.

Руска сина мачка

Нега

Специфичното крзно бара релативно малку време за негово одржување. Сѐ што треба да направите е повремено да го четкате со чешел со меки влакна. Честото четкање или негата со гумен чешел кога мачката не се митари, може само да го оштети мекото подвлакно, па дури и да се искуби.

Физички карактеристики

Телото е релативно долго. Имаат долги нозе со шепи, кои се мали и овални. Долгиот опаш завршува со конусен врв. Најкарактеристично е нивното крзно, кое што е кратко и свиленкасто. Тоа им даваат впечаток на една благородна и елегантна раса. Бојата на крзното може да биде во една од овие три бои: сино-сивото (најстарата, најпознатата и најпопуларната боја), бела и црна.

Руска сина мачка

Па така, Руската сина мачка, која што може да живее и до 20 години, со своите смарагдно зелени очи и сребрено крзно, како и нејзината сензитивна и лојална природа, ќе Ве освои за миг и ќе посакате да биде член од Вашето семејство.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s