Крај
Писмата од Мишима

Крај

Среда. Крај на новата година. Уживанции. Требаше да се видам со друштвото. Одам до пошта, невидена гужва, редици, небаре луѓево на последниот ден од годинава на пладне чекале сѐ да завршат. Ме напнаа, заминав не можев да чекам. Си реков ќе идам до ГТЦ, па во таа пошта. И таму редица до влезот. Оф леле. Аман! Идам до продавница, кај неуслужна продавачка, ја прашувам нешто, ме откачи за 10 секунди. ОК, уште нешто? Се напнав. Сериозно.

Крај

Бар отидов до книжарницата да си ја подигнам книгата. Седнав на клупа да ги чекам двајцата багабонти и сосема неочекувано… Се појави тој. Да, тој беше. Иако не ги носев моите очила, го приметив. Не гледам одлично надалеку, знам да се зезам со себе за тоа, ама кога сакам гледам ко сокол. Тој беше. Со уште еден тип. Поминуваа. Што да правам? Да викнам по него или да се направам дека не сум го видела, да свртам глава? Нели кога ќе се видиме треба да се поздравиме. Не сме се разделиле со караници. Уфффф. Размислувај побрзо. Сакав да се тестирам самата. До кај се моите чувства. Заврши ли конечно оваа еднонасочна љубов? Поминуваат, времето си тече. Да или не? Аман одлучи се еднаш!

  • Марко! – извикав еднаш.

Ако ме слушнал ОК, ако не, не викам уште еднаш. И тој се сврте. Му мафнав. ОК, фацата му беше дека не ме очекуваше. Дојде накај мене. Се поздравивме. Имавме таков глуп муабет.

  • Кого чекаш? – ме праша.
  • Ева и Ивица.
  • Еве ги. Доаѓаат, – рече.

Беше како на филм. Се свртев. Двајцата доаѓаа. Со чуден израз на лицето. Точно на време, си велев во себе.

  • Па, каков ви е планот?

Не знаев што да кажам. Само го погледнав Ивица.

  • Да седнеме и да се видиме, ние тројцата. – рече Ивица.
  • Тогаш убаво да си поминете и се слушаме. – рече, ставајќи ја дланката на моето рамо. Како некој да ме сожалува. Одвратно. Знаев дека тоа никогаш нема да се случи, туку го кажа онака, од култура.

Гледав како заминуваа… Да, требаше да знаеш дека ми требаше месец, во кој поминуваа вечери кога заспивав со мокра перница, кога немо плачев, сакав да вриснам, но не можев. Имав кошмари. Така ги велев соновите во кои ти се појавуваше. Навистина беше лош период за мене. Не ја добив работата за која ужасно се трудев и се надевав, на друго место ми рекоа дека не е доволно. И немав со кого да зборам. Толку бев изгубена. Тебе те немаше.

Но, вистината е дека ти беше вистинско торнадо. Помина. И остави хаос после себе. Не ни погледна позади себе… Најмногу ме повреди фактот, кога ми кажа дека си чувствувал во воздухот за моите чувства и си се надевал дека никогаш нема да дојде тој момент. Момент на признавање. И единственото нешто е дека ти е криво, криво што губиш некој, некој поинаков од тебе, со поинакви гледишта на светот. Мило ми е што беше дел од мојот живот. Ме научи на некои лекции, кои морав да ги поминам по потешкиот пат. Но, ти благодарам за тоа што ме направи посилна и ги разбуди моите сништа, одамна заборавени.

Сега кога те видов немаше ништо, ни емоции, ни каење. Празно. Крај.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s