Филм и ТВ

Футуристите анализираат што е погодено, а што погрешено за 2015 во филмот Back to The Future II

Иднината конечно пристигна. 2015 година, која започнува денес, беше годината во која Марти патуваше во вториот дел од филмот Back to the Future, чија премиера беше во далечната 1989 година.

Иднината конечно пристигна. 2015 година, која започнува денес, беше годината во која Марти патуваше во вториот дел од филмот Back to the Future, чија премиера беше во далечната 1989 година. Филмот вклучуваше голем број предвидувања за нашата иднина која мора да признаам дека изгледаa прилично многу амбициозно.

Футуристите анализираат што е погодено, а што погрешено за 2015 година во филмот Back to The Future II

Сценаристот Боб Гејл и режисерот Роберт Земекас „отпатувале“ 26 години во иднината и според нивното размислување поставиле голем број предвидувања за развојот на човештвото, но кои од нив ги погодиле, а кои ги погрешиле? Токму на ова прашање се обиделе да одговорат една група футуристи кои составиле специјален извештај за Newsweek. Во нивната долга дискусија, тие детално ги споредуваат сите оние нешта кои можевме да ги видиме во филмот со сите оние нешта кои денес навистина постојат и се случуваат.

Едно од најкул постигнувањата на нашата иднина е дека верувале или не, ховербордовите навистина постојат. Тие не се идентитечни како познатите антигравитациски скироли, но сепак постојат. Станува збор за Hendo Hoverboards, кои се магнетски и можат да работат само на метални површини, но за почеток тоа е сосема доволно, нели?

Една од најинтересните погрешни проценки е дека во иднината на Марти изгледа дека луѓето премногу се потпираат на факс-машините. Во доцните 80-ти, факс-машините направиле огромна врева, па можеби токму затоа тие им изгледале толку многу футуристички на креаторите. Очигледно ние сме ги надминале веќе овие направи, но сепак интересно е да се забележи начинот на кој се доживувале тие во 1989-тата година.

Погледнете го целосниот детален разговор на футуристите тука, а потоа ако сте како нас, договорете Back to the Future маратон во кој ќе можете и вие самите да правите детална споредба на паралелната 2015 година со оваа која во моментов ја живееме и споделете ги со нас вашите забелешки…

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s