Колумни

Чистење

Некако доаѓањето на Новата година, а заминувањето на старата, нè тера да чистиме, средуваме. Нѐ асоцира на нов, свеж почеток...

Некако доаѓањето на Новата година, а заминувањето на старата, нè тера да чистиме, да средуваме. Нè асоцира на нов, свеж почеток. Почнувајќи од алиштата, непотребните, скршените и расипаните работи, бришењето на прашината, па сè до одредени контакти и срца. Да. Знам дека требаше одамна да избришам одредени броеви, и онака тие луѓе се одамна заминати и не се дел од мојата приказна. А знам и дека нема да ги барам. Зошто? Па, и покрај тоа што им благодарам за добро одржаната лекција, искрено не сакам луѓе со негативна енергија и со маски. Токму затоа веднаш почнувам со чистењето.

Чистење

Почнувам од оние луѓе кои Ви се смешкаат, а да можат би Ве удавиле во вирче вода. Едноставно такви се. Интересно е кога ќе ми кажат: „Ама немој Маја, фини се, не си ги запознала.“ Искрено, не ни сакам. После она што го имам слушнато, што Ви направиле, како Ве извисувале во последен момент, не ми звучи баш за другарство и фини луѓе. Така да, таквите со маските, не ми требаат во моја близина. Стојам понастрана од нив.

Подоцна се оние „фантастични“ колеги, било од работа или факултет. Тие се оние, секогаш фините со сите, а нели „оној кој е пријател со сите, не е пријател со никој.” И Аристотел ги знаел овие фаци. Моментите на „лижење“ и „нивната глава не се гледа, стигната е до слепо црево“, а подоцна за истите тие луѓе на кои им се умилкувале, зборат погрдни зборови и ги исмеваат, било да се нивни колеги, претпоставени или професори. За жал овие луѓе ги имам сретнато во мојот живот и се обидувам да бидам подалеку од нив. Не, навистина не сакам да се поздравувам со нив, ниту пак да имам некаков муабет со нив. И да, тие истите никогаш нема да Ви се јават за оглас за работа или било што, затоа што нели, не дај Боже да им го земете работното место. Фала им, ме изгореле, така да сега ги знам и ми помогнале за другите секој пат да ги проценувам три пати пред било што. И да не ја заборавам онаа негативна енергија што ја шират. Знам да се пошегувам кога ќе видам, дека „денот ми е пропаднат“.

Можам да кажам дека за одредени личности ми е мило што се надвор од мојот живот. Тешко ми беше на почеток без нив, сепак пријатели, роднини, но подоцна сфатив дека всушност само си имам направено услуга самата на себе. Тоа се оние луѓе кои се толку себични, сакаат да бидат во центарот на вниманието и сакаат сè да биде по нивно. Оние што уништуваат моменти, Ваши моменти, денови и радости кои сте ги чекале со нетрпение, за на крај да Ви ги усер*ат со нивните испади. Нема шанса да ги утнете. Е тие луѓе да можат 24/7 би збореле само за себе, за нивните проблеми, колку тие се најтешки, потоа за нивните успеси, како они се најдобри. И многу, многу. Никогаш немаат време за Вас. Не Ве ни дослушуваат. Понекогаш ми доаѓало да станам и да си отидам или едноставно сум се фаќала себеси како лутам со мислите само да не сум ги слушала. Но, тоа не е сè. Најмногу ме навредило тоа што одредени датуми, како мои така и на моите најблиски ни ги имаат „загорчено“. Не, не мора да биде по Ваше. Аман пораснете еднаш! Такви сте биле? Сериозно? Негов ден, оставете го да ужива, да се радува. Секој на свој начин си прославува, не му е потребен Вашиот совет, ако требало ќе го побара, нели? Но, најчесто истите „фаци“ ќе се навредат ако им сугерирате да ги оставите, па дури и ќе ја извртат приказната за на крај Вие да испаднете „кривецот“. Единствено што останува е да се свртите и да си заминете. Во буквален смисол. Едноставно некои работи не вредат за Вашето внимане. Така направив и јас. И благодарна сум за тоа.

Па така, одредени луѓе ги нема, завршија во минатата година, за подобри и насмеани луѓе да дојдат оваа година. Аирлија чистење!

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s