Дами и господа гикови, доколку сакате нова интернет занимација погледнете го овој одличен блог!
Станува збор за g33k.mk чиј опис вели:
„G33K.mk е слободна зона за гиковите. Ви ја даваме слободата да се изразите, да објавите ваши постови, дискусии, колумни и сè што ќе ви падне на памет. Вашите предлози праќајте ги во инбокс доколку сакате да бидат објавени преку страната. Можете да праќате на Македонски и Англиски!“
Па, ајде што чекате? Кликнете тука и посетете ја оваа зона за гиковите. Ние веќе неколку денови сме тотално зависни од безбројните гифчиња и фотографии, па токму затоа веруваме дека и вие исто така би уживале… Покрај блогот кој е на Тамблр, нивната работа можете да ја следите и на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.