Занимливости

Совети од Маја: Кучешките шепи и снегот

Како да му овозможите пријатна прошетка на Вашето куче, за време на снег? Прочитајте понатаму...

Зимата пристигна. Со неа дојде и снегот, а кучињата се огромни негови обожаватели. Трчаат, скокаат, изведуваат лудории, со еден збор уживаат максимално.

Совети од Маја: Кучешките шепи и снегот

Но, снегот може да биде лош за шепите на Вашиот миленик. Сепак треба да бидете внимателни. Спречувањето на повредите со следење на одредени совети ќе Ви помогнат да имате прекрасно поминато време надвор.

Една од најголемите закани на шепите е солта која што се користи за да не замрзнува снегот на тротоарите и улиците. Долгата прошетка по ваков снег може да доведе до иритација на шепите, па може и да се случи да забележите како Вашиот другар криви, поради непријатноста што ја создава оваа сол.

СОВЕТИ:
  • Правете пократки, но почести прошетки, наместо една подолга.
  • Потоа, гледајте кучето секогаш да се шета на местото со зелен појас или каде што нема ставено сол.
  • Пред да одите на прошетка, можете да му ги премачкувате перничињата на шепите со вазелин за да го спречите делумно дејството на солта и другите хемикалии.
  • Секогаш кога ќе се вратите од прошетка, мијте ги шепите со млака вода и избришете ги со крпа за да го исчистите снегот собран од шетањето.
  • После секоја прошетка проверувајте ги шепите да не има некакви рани или црвенило.
  • Најдобро решение се чизмите кои што се специјално дизајнирани за кучињата. Тие освен што штитат од нагризувањето на солта и другите хемикалии против замрзнување, штитат и од физички повреди, како исекотини предизвикани од остри предмети кои што не можат да се видат, бидејќи се покриени од снегот. Правилната големина на чизмите е особено важна, за да овозможи максимален комфорт при одењето. Можеби изгледаат смешно и кучињата тешко се привикнуваат на нив, но со малку трпение и време Вашиот миленик ќе се навикне на нив.

Совети од Маја: Кучешките шепи и снегот

Исто така, кај долговлакнестите раси на кучиња, знаат да се формираат снежни топки, во делот помеѓу прстите.

СОВЕТ:
  • Можете слободно да ги шишате влакната меѓу прстите за да не се собира снег, сол и други материи кои што можат да ја иритираат шепата.

Па така, сега уживајте во снегот !

Совети од Маја: Кучешките шепи и снегот

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s