Колумни

Промена

Лесно е да си мрзлив, оди направи нешто што ќе направи разлика во светот да те видам!

ОК, вчера беше еден од оние денови кога се борев со себеси за да станам од кревет, буквално го преседав цел ден во пижами во кревет со лаптопот врз моите коленици. Во последниве две години мислам дека се претворив во кралицата на одложување и ова беше моето мото:

Промена

Имам многу мрзливи денови кога одбивам да станам од кревет, па што и да правам не го правам како што треба. Еве на пример, пробав да учам, поминав голем дел од материјалот, ама ако ме прашате што точно сум поминала немам поим. Знаете како викаат „Не оставај за утре она што можеш да го завршиш денес“? Епа кај мене, како и кај поголемиот дел од денешната младина важи обратното: „Зошто да го правам денес кога можам да го направам утре?“. И искрено до сега во мојот живот ова не ми правело многу проблеми. Но, што понатаму? Овој начин на живот секогаш резултира во правење на сите работи кои сум ги одолжувала во 5 за 12. И скоро секогаш работите кои сум ги правела биле половично направени.

Промена

Затоа решив да сменам нешто во врска со тоа, си направив план и сакам да се обидам да го следам. Првата работа на оваа листа е да си легнувам пред да изгрее сонцето, во последниве неколку недели секое сабајле заспивав во временскиот период од 4 и пол до 5 и пол, сега целта ми е да го преместам ова време некаде од 1 и пол до 2 и пол. Што се надоврзува на следната работа на листата, да станувам порано. Сега „нормалното“ време за станување ми е 13 часот и тоа ми го пореметува цел ден, па затоа сакам да го преместам тоа да биде некаде од 10 и пол до 11 часот. Друга работа на оваа листа ми е да јадам поредовно и поздраво. Веќе две години од мојот живот имам проблеми со желудникот и тоа резултираше со големо намалување на мојата тежина и губење на апетитот. Во последниве месец дена успеав да вратам дел од двете и сакам да продолжам така. Да, јас сум девојка што сака да се здебели… Следната работа на листата е дека сакам да се вратам во форма, од кога имав 9 години занимавав со танц и во текот на годините кога се занимавав со тоа „професионално“ бев во совршена форма. Бидејќи се откажав од танцот кога се запишав на факултет немам никаква кондиција и се задишувам кога се качувам до четврти кат по скали. Затоа ќе почнам со вежбање еден саат во денот што е повеќе од доволно за почеток. Друга работа на оваа листа е помалку гејмање, повеќе учење и читање книги. Сакам да го намалам времето поминато пред монитор и да го заменам со нешто што ќе ми го подобри начинот на живеење. Да бидеме реални, цел ден затворена во соба со лаптопот пред моите очи не е некој најдобар начин за живеење. Иронијата е што сум на факултет кој бара од мене да сум затворена во соба со монитор пред моите очи. Затоа додека можам ќе гледам да го намалам тоа на минимум, што мислам дека ќе биде најтешката работа од листава, само затоа што обожавам да гејмам.

Промена

Лесно е да си мрзлив, оди направи нешто што ќе направи разлика во светот. Е тоа е тешко.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s