Занимливости

Моите омилени League of Legends стримови

Стримови кои не само што се забавни за гледање туку и ќе ве научат трикови за играта кои не би ги знаеле во спротивно.

Ако сте љубители на League of Legends, исто како и мене, тогаш оваа листа мора да ви стои во букмаркс! 🙂 Овие стримови кои не само што се забавни за гледање туку и ќе ве научат трикови за играта кои не би ги знаеле во спротивно… Разгледајте и одберете го вашиот омилен стрим!

Моите омилени League of Legends стримови

    • xPeke е mid-laner кој за жал оваа година си отиде од Fnatic. Игра професионално League of Legends од прва сезона и е еден од најсаканите и најпознатите про плеери во заедницата на LoL.
    • Kev1n е top-laner за Millenium и тој игра професионално од прва сезона, со долга кариера позади него, а токму тоа ни дава до знаење дека нема да прекине да игра, иако со тимот не се квалификуваа за пролетниот сплит во 2015. Јас се надевам на многу стримови и нормално и на квалификација за летниот сплит.
    • Rekkles е најновиот додаток на Alliance, а последните два сплита беше MVP на поголемиот дел од неделите, со неговата совршена механика и брзи реакции нема кој не сака да го гледа како игра.
    • Impaler е еден од новите лица кои ги видовме последнава сезона и беше jungler за SupaHotCrew. Сега е во Team Coast, но ако сакате да гледате добар jungler, Impaler е тој кој треба да го гледате.
    • Bjergsen беше MVP на целиот пролетен сплит и е еден од младите суперѕвезди кои се придружија на TSM и е еден од најдобрите mid-laners кои се во моментов на про сцената. Затоа ако сакате да гледате некој чија механика ќе ве остави со отворена уста гледајте го Bjergsen.
    • Araneae е поранешен jungler и тренер и е еден од оние професионалци кои сакат да се забавуваат на Summoner’s rift кога стримаат. Сега почнува повторно со стримање, но ако ви се погоди шпански стрим можете да ги гледате неговите YouTube видеа.
    • Lustboy е најновиот додаток на TSM, причината поради која се заљубив во неговиот стрим е корејскиот soloQ. Сите играат како што треба да се игра играта, заедно и победуваат со помош на тимска работа. Сега е во куќата на TSM и можете да го начекате како стрима со некој од неговите соиграчи.
    • Froggen треба да го гледате ако сакате да научите нешто повеќе за некој шампион во LoL, не само што ќе ве забавува туку и ќе ве научи на трикови кои не сте ги знаеле. Froggen е mid-laner за Alliance и е еден од најдобрите про играчи.
    • Phreak ок кој не го сака овој shoutcaster? Забавен трол кој игра adc или што друго му се падне. Секогаш е среќен и знае да ги насмее сите кои му го гледаат стримот.
    • Aphromoo е едната половина од дуото Rush Hour на CLG и еден од најдобрите supports кои во моментов се натпреваруваат во LCS. Забавен е за гледање и плус можете многу да научите.
    • Krepo е уште еден support кој е на LoL сцената од прва сезона. Познат е и како Skumbagkrepo затоа што знае да си „осигура“ убиство кое инаку би припаѓало на неговото AD Carry. Исто како и кај повеќето од овие стримови ако го гледате Krepo ќе научите многу работи за играта.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s