Занимливости

Неколку начини на кои сите ние си се лажеме

Заборавете на овие лаги и вистината ќе ве ослободи!

Сите ние си имаме лаги кои секојдневно си ги кажуваме на себе. Без разлика дали целта ни е да се чувствуваме подобро или пак, да си најдеме утеха, си дозволуваме да си креираме илузија која нè одвлекува од реалноста и ја прави нашата ситуација уште полоша одошто навистина е. Токму затоа заборавете на овие лаги и вистината ќе ве ослободи!

Неколку начини на кои сите ние си се лажеме

Уште 5 минути сон со сигурност ќе ми помогне Мхм, да. Не само што ќе бидете уште поуморни по употребата на копчето снуз, туку можно и да ве заболи главата…

Потребно ми е ____________ за да бидам среќен/среќна – Единственото нешто што ви е потребно за да бидете среќни сте самите вие!

Сите [вид на луѓе] се [описна карактерна особина] – Не генерализирајте. Секој човек е приказна сама за себе и не припаѓа во ниту една категорија.

Јас сум подобар или полош од другите луѓе – Сите ние сме пред сè луѓе, а потоа сè останато. Не се споредувајте со другите луѓе бидејќи на тој начин ќе влезете во бескраен пеколен круг од кој потоа многу тешко се излегува.

Не можам да се променам – Нешто многу важно можеме да научиме од природата, а тоа е дека сè се менува, но со тек на време. Точно дека никој не може да направи промена преку ноќ, но доколку си дадеме доволно време и имаме доволно трпение, можеме да станеме онаа личност која отсекогаш сме сакале да бидеме.

Обидот е залуден – Грешно! Обидот е сè! Ако не се трудите тогаш што треба да правите? Да се откажете од животот, да се затворите во собата и никогаш повеќе да не мрднете?

Светот е против мене – Искрено, светот не е ниту против вас ниту пак, за вас. На светот воопшто не му е грижа што се случува со вас. Имајте го ова на ум нареден пат кога ќе се обидете да ја префрлите вашата одговорност врз некој друг!

Моите соништа се мртви – Додека сте вие живи, живи се и вашите соништа. Звучи логично, нели?

Јас сум премногу млад/стар да направам било каква промена Погледнете малку низ историјата и веднаш ќе забележите дека светот е обликуван од луѓе на сите возрасти. Не ја користете вашата возраст како изговор и преземете ги работите во ваши раце!

Не сум доволно талентиран/а – Природниот талент може да ви помогне, но она што е навистина важно е вежбањето. Како сакате да бидете добри во тоа што го правите доколку немате искуство?

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s