Занимливости

Најскапите апликации за iOS

Кои се топ 3 најскапите апликации за iOS?

Во App Store на Apple доминираат бесплатни и евтини апликации, но исто така можете да наидете и на многу скапи. Некои од нив се дури и прескапи, а можеби би биле и уште поскапи доколку не би биле ограничени на максимална вредност од 999.99 долари. Погледнете ги топ 3 најскапите апликации во продавницата на Apple.

Најскапите апликации за iOS

iVIP Black -$ 999.99

Ова е првата премиум апликација за луксузен животен стил. Откако ќе ја купите оваа апликација, ќе треба да потврдите дека вашите средства/приходи се над 1 милион долари за вашето барање за членство да биде прифатено. Членовите добиваат специјален ВИП третман како надградувања, изненадувања, подароци, пакети за добредојде, ексклузивни попусти, приоритетен пристап и други уникатни привилегии во глобалната луксузна партнерска мрежа на iVIP Ltd. Тие вклучуваат ексклузивни хотели и ресторани, батлери, театри, лични тренери, приватни авиони, личен стил … и многу повеќе.

Најскапите апликации за iOSЦена: 999.99 долари

Категорија: Животен стил

Обновена: 5 мај 2014

Верзија: 2.9

Големина: 586 MB

Јазик: Англиски

Продавач: iVIP Ltd.

Оцена: 4 +

Agro – $ 999.99

Живееме во свет во кој еден агроном може да го посети својот потрошувач, да изврши ревизија на извештаите од работата, да одржува продажба на производите, знаејќи дека целата документација е направена и испратена додека тој го пали својот трактор. Апликацијата Agro е многу функционална за корисниците и е испробана и тестирана од страна на агрономи и големи корпорации и е широко прифатена од страна на земјоделците.

Најскапите апликации за iOSЦена: 999.99 долари

Категорија: Продуктивност

Обновена: 9 август 2014

Верзија: 2.7.3

Големина: 48,8 MB

Јазици: Англиски, Шпански

Продавач: Ezi App

Оцена: 4 +

CyberTuner – $ 999.99

Оваа софтверска алатка постои повеќе од 17 години и служи за компонирање музика. Што ја подигнува Reyburn CyberTuner над другите софтвери за компонирање? Едноставноста на користење, јасноста на функциите и одбран дизајн кои се добиени по три години напорно работење и надградување на оваа апликација, вклучувајќи една година интензивно тестирање од страна на врвни пијано мајстори од целиот свет. Апликацијата не е достапна за корисници под 17 години.

Најскапите апликации за iOSЦена: 999.99 долари

Категорија: Музика

Обновена: 7 Септември 2014

Верзија: 6.9.8

Големина: 7.9 МБ

Јазик: Англиски

Продавач: Dean Reyburn

  • Оцена: 4+

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s