Занимливости

Ванила капкејкс

Вкусен и лесен рецепт за ванила капкејкс...

Мојот омилен рецепт за капкејкс 🙂 Ванила капкејкс Потребни состојки:

  • 200 грама брашно
  • 2 јајца
  • 100 грама шеќер
  • 100 грама путер;
  • 10 милилитри екстракт од ванила;
  • 125 милилитри млеко;
  • 10 грама прашок за пециво.

Подготовка:

Во сад измешајте ги заедно брашното и прашокот за пециво и тргнете ги настрана. Во друг сад измешајте ги шеќерта и путерот (на собна температура), додајте ги јајцата, екстрактот од ванила и млекото и мешајте додека не се соединат. По тоа земете ги сувите состојки и додавајте ги во влажните состојки постепено додека мешате. Откога сè ќе биде соединето земете ги хартиените калапи за капкејкс и поставете ги во вашата тава за печење. Наполнете ги 2/3 со смесата. Од претходно загрејте ја рерната на 200 степени целзиусови и печете 15 минути. Внимавајте секоја релна е различна, па кога капкејксите ќе станат златникаво кафени тие се готови и може да ги извадите. Друг сигурен начин да проверите дали се готови е да земете чепкалка за заби и да го прободете тестото, па кога ќе ја извадите ако нема тесто на неа залепено тие се готови. Ако сакате да ги декорирате погрижете се да имаат време прво да се оладат.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s