Занимливости

Совети од Маја: Кучињата и студот

Дали Вашето куче ја сака зимата со сите нејзини чуда или преферира лежење на каучот под топло ќебе?

Оваа година имаме зима во вистинска смисла. Снег и температури под нулата. Дали Вашето куче ја сака зимата со сите нејзини чуда или преферира лежење на каучот под топло ќебе?

Совети од Маја: Кучињата и студот

Во прилог имате неколку совети кои ќе ви помогнат Вам и на Вашето куче да имате убаво поминати денови и на температури под нулата.

СОВЕТИ:
  • Облекувајте му капут – Одредени раси, особено оние кои спаѓаат во групата на шпиц и примитивниот тип на кучиња како Самојед, Хаска, Маламут, времето им е погодено и уживаат максимално, но на другите, како Чивавата, Пинчот им треба додетна топлина, па така капутите се создадени за нив. Тие не само што им помагаат да им биде потопло, туку им помага и во спречување на сушењето на кожата. Само секогаш имајте на ум, дека овие капути не ги штитат ушите, нозете и опашката од ладното време, па затоа секогаш правете повеќе почести, отколку една долга прошетка.

Совети од Маја: Кучињата и студот

  • Никогаш не го оставајте Вашето куче насамо во колата, без разлика која сезона е!
  • Обезбедете му доволно вода – Секогаш треба да има пристап до свежа вода, во било кое време.
  • Не го прејадувате Вашиот миленик – Кучето има потреба од доплнителна енергија за време на зимските денови заради одржување на телесната температура. Хранете го со малку зголемена количина, но гледајте и да има доволна активност. Секогаш хранете го со високо квалитетна храна, која што ќе му овозможи правилен раст на влакната и енергија за студените зимски месеци.
  • Редовно четкајте го крзното – Со ова ги отстранувате мртвите клетки, ја подобрувате циркулацијата на крвта, ја подобрувате општата состојба на кожата и влакната, а со тоа му овозможувате Вашиот другар да има здраво крзно кое што ќе го штити од студот.
  • Заштитете ги неговите шепи – Тука можете да погледнете како.
  • Избегнувате можна изложеност на токсини – Со зимата доаѓа и антифризот. Тој е екстремно токсичен за кучињата и мала количина може да биде фатална за нив. Затоа секогаш гледајте Вашиот миленик да биде подалеку од него или други штетни хемикалии.

Уживајте во зимската магија!

Совети од Маја: Кучињата и студот

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s