Во што се претвори нашиот живот? Каде исчезна слободата? Зошто му дозволуваме толку на виртуелниот свет да надвладее врз нашата реалност? Зарем не би сакале да излезете надвор и да му дозволите на сонцето да ја стопли вашата кожа наместо да гледате галерии од тропски места на вашиот лаптоп кои ви предизвикуваат дополнително студенило во вашата душа?
Зарем не би сакале да прошетате на чист воздух, вдишувајќи ја целата свежина од природата околу вас наместо да „џогирате“ на Temple Run? Нели е време да му кажете СТОП на виртуелниот свет и наместо на Скајп, конечно да мрднете од дома и да ги видите вашите најблиски во живо? Погледнете го ова брилијатно видео кое ќе ви покаже како технологијата предизвикува да изгледаме од страна и како нашата иднина полека се претвора во застрашувачки виртуелен затвор за кој ние самите си пресудуваме доживотна казна!
Видеото е предложено од страна на g33k.mk