Безглутенска категорија

10 нешта кои треба да ги знаете за безглутенската исхрана

Добредојдовте во светот без глутен. Ако и вие сте како мене и треба да го применувате овој режим на исхрана, тогаш обавезно погледнете ги наредниве неколку нешта кои треба да ги знаете за безглутенската исхрана...

Добредојдовте во светот без глутен. Ако и вие сте како мене и треба да го применувате овој режим на исхрана, тогаш обавезно погледнете ги наредниве неколку нешта кои треба да ги знаете за безглутенската исхрана…

10 нешта кои треба да ги знаете за безглутенската исхрана

1. Што е глутен?

Глутенот е протеин кој природно се наоѓа во пченицата, јачменот и ‘ржта.

2. Кои продукти најчесто содржат глутен?

Лебот, тестенините, колачите, тортите, сосот од соја, пивото, житариците, сосовите, чипсовите, супите… За да можете да ги препознавате оние продукти кои содржат глутен (97% од продуктите во маркетите) мора да научите како функционира процесот на контаминација преку опремата за пакување. Имајте на ум дека и одредени продукти за убавина можат исто така да содржат глутен.

3. Зошто безглутенската исхрана станува толку популарна?

Најпрво, како што поминува времето така докторите поуспешно ја идентификуваат Целијакијата и нетолерантноста на глутен. Многу долго време луѓето со оваа состојба биле погрешно дијагностицирани (нервозни црева, проблеми со кожата, депресија, намалена енергија, мигрени…), па во денешно време со соодветната исхрана тие брзо го подобруваат своето здравје. Исто така многумина кои немаат проблеми со глутенот под влијание на придобивките од безглутенската исхрана решаваат да започнат со овој режим на исхрана. Во денешно време вестите навистина брзо патуваат.

4. Дали безглутенската исхрана е само „нова мода“?

Да. И не. Многу луѓе сметаат дека безглутенската исхрана е во моментов во мода, но потоа кога ќе слушнат за нешто друго веднаш ќе заборават на неа. Но, за поголемиот дел од нас, кои имаме проблем со глутенот, нема продолжување понатаму и мора да продолжиме со овој режим на исхрана ако сакаме да го одржуваме нашето здравје на оптимално ниво.

5. Колку глутен внесувате во вашето тело со нормалната исхрана и кога тој почнува да станува проблем?

Доколку сакате детален одговор на ова прашање кликнете тука. На кратко, вистината е дека не постои „нормална“ количина на глутен – секое тело различно реагира на него. Трикот е да ги научите знаците кои укажуваат на тоа дека можеби вашето тело повеќе не може да се бори со глутенот, а потоа постепено да го отрфлате од вашата исхрана.

6. Дали е тешко или здодевно да се биде на безглутенска исхрана?

На почетокот ДА! Како и кај секоја голема промена, потребно е време да се навикнете. Потребно е детално да ги читате сите состојки на производите пред да ги купите и понекогаш мора да го поставувате непријатното прашање „Дали во ова има глутен?“ кога сте во ресторан и да поминувате преку негативните реакции на келнерите кои не ве сфаќаат сериозно за вашата состојба. Тоа се тие нешта кои никој не ви ги кажува кога ќе започнете со безглутенската исхрана. За среќа, во последниве неколку месеци маркетите почнаа да ги издвојуваат безглутенските производи, па само прашање на време е кога истото ќе се случи и со рестораните.

7. Колку е честа Целијакијата или нетолерантноста на глутен?

Според Националниот институт за здравје, веќе 1 од 133 луѓе има некаков проблем со глутенот. Помеѓу луѓето кои веќе имаат историја на оваа состојба во својата фамилија, бројките се намалуваат на 1 од 22 проценти шанса за појава.

8. Што е разликата помеѓу Целијакија и чувствителноста на глутен?

Доколку сакате детален одговор на ова прашање кликнете тука. На кратко, овие две состојби можат да имаат слични симптоми, но со различни автоимуни одговори. Но, без разлика на болеста, доколку не се забележат на време и двете можат да направат огромна штета врз вашиот организам.

9. Најчестите симптоми на целијакија и нетолерантност на глутен

Надуеност, гасови, дијареа, осипи на кожата, главоболки, слаб раст, тврда столица, истоштеност, депресија, болка во зглобовите, иритабилност, воспаление на устата… Покрај овие чести симптоми, постојат и неколку необични кои исто така многу често се поврзуваат со овие состојби.

10. Дали безглутенската исхрана е поздрава?

Различни луѓе ќе ви дадат различен одговор на ова прашање, па токму затоа би било добро малку да го преформулирате. Посоодветното прашање би било дали безглутенската исхрана е поздрава за вас? Милиони луѓе покажуваат подобрување на нивното здравје откако ќе го намалат или отстранат глутенот од исхрана, додека пак некои не чувствуваат никакви разлики. Резултатите навистина варираат од личност до личност, токму затоа без да пробате не можете да знаете со сигурност. Доколку решите да го сторите тоа, доволно ви е само еден месец за да забележите разлика во вашето тело.

Доколку решите да започнете со безглутенската исхрана, погледнете го овој водич за во маркетите…

10 нешта кои треба да ги знаете за безглутенската исхрана

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s