Филм и ТВ

Ѕвездените бродови во универзумот на ТВ серијата #Stargate

Ако некогаш сте се прашувале кои се бродови постојат во Stargate повелете дознајте.

Една работа што треба да ја знаете за мене е дека сум опседната со сè што е Sci-Fi. Пред некое време објавив статија со сите вселенски бродови во сите Sci-Fi унивезуми (филмови, серии и игри). Но, сега ќе се фокусирам само на оние од Stargate (SG-1, Atlantis и Universe).

Ѕвездените бродови во универзумот на ТВ серијата Ѕвездена порта
Кликнете на сликата за да можете да доближите…
Да почнеме со бродовите на Ancients:

1. Puddle Jumpers – мали бродови кои се користат најмногу во Antlantis. Со нивната способност да станат невидливи тие се совршени за мисии каде што не треба никој да знае дека сте таму.

2. Aurora-Class Warship – Бродовите кои биле воглавно користени од страна на Ancients во нивната борба против Wraith. Помала (релативно кажано) верзија од овие бродови се Alteran Crusers.

3. City Ship – Градовите направени од страна на Ancients се исто така и бродови кои се способни да патуваат низ Универзумот. Во Stargate Atlantis се појавуваат неколку вакви бродови.

4. Destiny – Бродот на кој се случува целата приказна во Stargate Universe. Овој брод е со огромна големина и бил изграден од страна на Ancients за да постават ѕвездени порти насекаде ширум Универзумот. Destiny никогаш не бил вратен дома бидејќи сите Ancients се воздигнале.

Следни бродови се на Asgard:

1. Mothership – Овие бродови се главните бродови направени од Asgard за нивната борба против репликаторите.

2. O’Neill class – Оваа класа на бродови била изградена од страна на Тор за да можат да ги победат репликаторите. Понапредна, побрза и посмртоносна верзија од претходната.

3. Science Vessel/Daniel Jackson – е брод кој е воглавно користен за истражување и развој.

Стигнавме до бродовите развиени од луѓето:

1. X-301 – Мал брод кој е изграден од страна на луѓето, но поради тоа што е изграден од делови на Goa’uld бродови и поради тоа што има програма за отповикување во бродовите на Goa’uld оваа класа веќе не се прави.

2. F-302 – Овие бродови се следбеници на X-301 и иако се изградени на сличен принцип немаат воопшто Goa’uld технологија во нив. F-302 се корисат и во SG-1 i и во Atlantis.

3. X-303/Prometheus – Првиот воен брод изграден од луѓето. Тој е изграден со технологија од Земјата, но и со вонземска технологија. Од оваа класа на бродови нема други освен Prometheus.

4. 304/Deadalus class – Од оваа класа на бродови се изградени Deadalus, Odyssey, Apollo и Korolev, како и The Sun Tzu и The General Hammond. Korolеv е единствениот 304 за кој се знае дека е уништен.

Следни се бродовите на Goa’uld:

1. Death Gliders – Мали и брзи бродови кои можат да напаѓаат во атмосфера, надвор во вселената или под вода.

2. Udajeet – Слични на претходните, но можат да работат само во атмосфера на планета.

3. Tel’tak – Товарни бродови кои најчесто се користени од Tok’ra или Jaffa за мисии во терториите на Goa’uld.

4. Al’kesh – Бродови кои се користат за извидување или за помош на напаѓачки Jaffa. Al’kesh имаат технологија за да станат невидливи.

5. Ha’tak – Овие се Goa’uld motherships. Зборот Ha’tak занчи „Брод Пирамида“ и овие бродови се користат за напад на други бродови, па дури и планети.

Бродовите на Ori:

1. Fighter – Мали бродови кои се користат како F-302 или Death Gliders.

2. Ori Mothership – Огромни бродови кои се моќни и издржливи. Четири од нив успеаа да издржат напад од флота на бродови од луѓето, Asgard, Jaffa, Lucian Alliance и Tok’ra.

Бродовите на репликаторите:

1. Репликаторите преземаат бродови од други видови, ги унапредуваат и ги користат за да можат да се реплицираат. Репликаторот Fifth направи брод составен од репликаторски блокови за да избега од временското поле на планетата Хала.

И последни, но не најмалку интересни, бродовите на Wraith:

1. Dart – Мал брод кој се користи за собирање луѓе од планети и за борба против други бродови.

2. Cruiser – Бродови со средна големина, кои можат да влезат во hyperdrive, да напаѓаат во атмосфера или вселена и да слетаат на планета.

3. Hive Ship – Овие бродови се најголеми од бродовите на Wraith, па и од сите други. Како и сите други Wraith бродови тие немаат штитови туку се заштитени со дебел органски слој кој се регенерира по оштета.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s