Занимливости

Работи кои никогаш не треба да се споменат на интервју за работа

Личноста која ве интервјуира најверојатно не е заинтересирана за вашиот личен живот, каде планирате да одите на одмор или пак зошто баш вас треба да ве вработат. Најчесто сакаат да ги слушнат само вашите квалификации...

Постојат некои работи кои треба да ги премолчите во текот на едно интервју за работа. Бидете скромни во она што го кажувате и фокусирајте се на вашите вештини и квалификации.

Работи кои никогаш не треба да се споменат на интервју за работа

Личноста која ве интервјуира најверојатно не е заинтересирана за вашиот личен живот, каде планирате да одите на одмор или пак зошто баш вас треба да ве вработат. Најчесто сакаат да ги слушнат само вашите квалификации за работното место. Исто така доколку мислите дека не сте доволно квалификувани немојте тоа да го споделите со нив, затоа што нивно е да оценат дали вие сте бараниот работник, а не самите вие. Останете позитивни и мислете на убави работи, затоа што никој во своето работно опкружување не сака да има негативна личност или плачко. Исто така нив не ги интересира како вие би доаѓале до работа или кој би ви ги чувал децата додека сте на работното место. Тие проблеми самите би требало да си ги решите. Еве неколку реченици кои треба да се обидете да ги избегнете:

  • Ја мразам својата професија. (Зошто тогаш воопшто си аплицирал/а?)
  • Имам испланирано да одам на одмор следната недела. (Уште не си почнал, а веќе сакаш да бегаш)
  • Компанијата кај што работев беше ужас. (Можеби во иднина ќе го кажете ова и за нив)
  • Колкава ќе ми биде платата? (Оставете тие да ја предложат оваа тема, не звучете очајно!)
  • Ќе можете ли да ми повикате такси? (Решете си го тој проблем сами, не покажувајте зависност уште од почетокот)
  • Дали може да одговорам на повикот? (За време на интервју вашиот телефон мора да биде исклучен!!!)
  • Мене навистина ми е потребна оваа позиција. (Не сакате да изгледате очајно. Вие сте им потребни, а не тие на вас)
  • Немам доволно искуство, но брзо учам. (Негативности?! Самите нека го оценат тоа)
  • Тоа го имам наведено во моето CV и мотивационо писмо. (Да, но сакаат тоа и од вас да го чујат)
  • Колку долго ќе трае интервјуто? Имам состанок за пола час. (Секогаш очекувајте интервјуто да трае подолго од планираното)
  • Извинете што задоцнив. (Немојте ни да помислите да доцните освен ако не е нешто итно и неизбежно)
  • Немојте да бидете вулгарни и да пцуете. (Одржувајте го разговорот љубезен и професионален)
  • Каква е политиката за љубовна врска помеѓу колеги? (Служба си е служба, дружба си е дружба)
  • Јас немам автомобил, ама наскоро ќе си купам. (Повторно, тоа е ваш проблем)
  • Не ми одговара работното време. (Не го кажувајте ова додека не ви го понудат работното место)
  • Немам никакви прашања. (Сериозно?!?!)
  • А фирмава за што е? (Пред да се појавите на интервју истражете малку повеќе за компанијата)
  • Може ли да работам од дома? (Не нудете алтернативи сè додека не ве вработат)

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s