Писмата од Мишима

Другарството е ѕвезда

„Другарството е ѕвезда што небото го краси, треба да се чува, да не се изгаси.“

Сите имаме другари. Но, секогаш имаме еден најдобар, оној на кој секогаш помислуваме кога сакаме да му ја соопштиме преубавата вест или оној на кој сакаме да се пожалиме кога едноставно не ни бил денот, па сакаме да видиме едно познато лице и сите грижи да се смалат или исчезнат…

Другарството е ѕвезда

Со нејзе пораснавме и сè уште растеме заедно. И би сакала да остареме заедно. Учевеме заедно во основно, во исто одделение и иако подоцна се запишавме во различни средни училишна, одбравме сосема различни професии, ние се здруживме уште повеќе. Тука почнаа првите заеднички одмори, првите љубовни разочарувања, нервозите во училиште. Созревавме заедно. Подоцна доаѓаа факултетите, стравот дали ќе се запишеме. Па положувањата на колоквиумите, првите десетки, па шестката, па заљубувањата во колегата и уште многу, многу…

Таа била дел од многу сегменти во мојот живот. Почнувајќи од најубавите, како свадбата на сестра ми, дипломирањето, првата сезонска работа, многуте искачања па сѐ до оние најлошите, кога татко ми отиде во болница, кога за миг ми се сруши тлото под нозете или расправиите со моите родители, кога ја треснав вратата од дома и со моите одврзани патики трчав да ја видам, гушнам и да се исплачам, знаејќи дека нема да ми суди и едноставно ќе ме сослуша.

Она ми била огромна подршка. И сè уште ми е. Знам на шега да ја кажам мојот советник. Зошто? Бидејќи точно знае кога што да ми каже. Мислам дека предобро ме знае. Знае кога денот ми е отиден во неповрат или кога го имам оној посебен сјај во моите очи. Ја почитувам и сакам, затоа што понекогаш ми го кажува во лице, она што најмалку сакам да го слушнам во моментот. Таа секогаш размислува со ладна глава. Сме се карале, но секогаш фер. Под фер, мислам дека никогаш не ги вадела валканите работи од под тепихот или оние работи кои ми ги премолчила па да ми ги плесне в лице. Никогаш.

Најверојатно, бидејќи сме поминувале низ слични работи во животот, сме се бореле со исти потешкотии, таа ми е многу блиска и се разбираме меѓусебно. Дури и со поглед. Таа ги знае сите мои тајни, тие се сигурни со неа. Никогаш немам слушнато нешто што ѝ го имам доверено, да биде кажано од друга уста.

Таа е навистина редок пријател. Вистински редок пријател, во ова лудо време, кога има премногу себични и користољубиви луѓе. Ме задржала безброј пати додека сум паѓала, ме кревала нагоре и ми ја бришела нечистотијата од мене, додека јас не сум имала волја за ништо… Се радувала, секогаш искрено и од срце. Понекогаш сме знаеле да седиме и да не сме зборувале многу, но да си поминеме супер. Никогаш нема да ѝ го заборавам тоа, кога ми го расипаа роденденот, кој со нетрпение го чекав да го славам, кога сите беа преокупирани со себе, таа беше тука. Знам дека само ја замолив да дојде со мене во дискотеката, иако утредента ја чекаше тежок ден, психички тежок. Таа секогаш доаѓа наредниот ден откако ќе ѝ кажам дека сум почнала со работа, за да ме види.

Со нејзе не мора да се слушаме секој ден по 2 часа, доволно се само 5 минути за да си кажеме сѐ. За да оставиме нешто и кога ќе се видиме. Муабетот со неа е едноставен, нема премногу оптеретување за тоа кој што рекол, направил, туку напротив, се концентрираме на важните работи во животот и тоа навистина мотивира.

Заедно сме имале многу падови, но и успеси. И неверојатно сум горда на неа, на тоа каков човек е, колку многу има постигнато во животот, без никаков грб, туку само со знаење, труд и трпение, многу трпение…

Затоа чувајте ги овие пријатели. Незаменливи се. Непроценливи.

Со љубов,

Мишима

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s