На пат околу светот: Берлин
Незаборавни занимливости

На пат околу светот: Берлин

Берлин со векови е еден од најважните градови во европската историја и е богат со историски знаменитости, почнувајки од Бранденбуршката порта па сè до Чекпоинт Чарли. Ноќниот живот исто така има што да понуди, со локали кои работат и по 24 часа во текот на денот, па токму затоа никогаш нема да ви биде досадно.

На пат околу светот: Берлин

Берлин е главен, најголем и најнаселен град во Германија, кој се смета за град-држава исто како Хамбург. Тој се наоѓа во североисточниот дел на Германија и околу една третина од градот се состои од шуми, паркови, градини, реки и езера.

Погледнете го од високо

Александарплац бил централниот плоштад во поранешен источен Берлин, па со тоа и изобилува од градби со архитектура инспирирана од Советската Источна Германија кои денес повеќето се трговски центри каде можете да уживате во шопингот. На плоштадот ќе го препознаете „Светскиот часовник“ кој постојано ротира и го покажува времето низ целиот свет. Морате да ја посетите и 368 метри високата ТВ кула, која е втората највисока кула во цела Европа. Од нејзиниот врв можете да го доживеете погледот над цел град за 13 евра, а исто така на кулата можете да го посетите и ресторанот кој се наоѓа на висина од 203 метри.

На пат околу светот: Берлин

Зачекорете назад во времето

Една од најпознатите градби на Берлин е Бранденбуршката порта на плоштадот Паризер и датира од 1791-та година. На ова место можете да ја почувствувате историјата на Берлин. На врвот е поставена познатата статуа на божицата на победата „Квадрига“. Во 1806 година, Наполеон Бонапарта заедно со својата армија поминале под портата по што го прославиле освојувањето на Берлин. Откако Берлинскиот ѕид бил изграден во 1961 година, никој не поминал низ портата сè до новогодишната ноќ 1989-1990 кога и Источна и Западна Германија  повторно се соединиле.

На пат околу светот: Берлин

Островот на музеите

Петте главни музеи се наоѓаат во областа позната како „Остров на музеите“ и доколку сте љубители на музеи морате да ги посетите. Од  1999-та година, музејскиот комплекс во центарот на градот е архитектонски и културен ансамбл кој се смета за дел од светското наследство на УНЕСКО. Станува збор за Пергамонскиот музеј, музејот Боде, музејот на Современа уметност, Историскиот музеј и Историската Национална Галерија.

На пат околу светот: Берлин

Истражете го истокот

Чекпоинт Чарли е име дадено од страна на западните сојузници на најпознатиот премин на Берлинскиот ѕид помеѓу Источен и Западен Берлин за време на Студената војна. По распадот на Источниот блок и повторното обединување на Германија, ова место стана туристичка атракција и е близу до „затворот Штази за државна безбедност во Источна Германија“ каде поранешни завореници на посетителите им раскажуваат за нивните искуства.

На пат околу светот: Берлин

Аеродромот Темпелхоф – Таткото на сите аеродроми

Темпелхоф е местото каде што Орвил Рајт бил првата личност која успева со авион да престојува во воздух еден час со надморска височина од 160 метри, а потоа овој аеродром имал и голема улога во Втората Светска Војна кога преку него два милиони жители биле помагани за време на советската блокада во 1948-1949 година (луѓето немале пристап до храна затоа што биле обиколени од непријателски воени сили). Последниот лет на овој аеродром бил во 2008-та година по што е затворен, а тој сега е и официјално најголемиот парк во Берлин од неговото повторно отварање во 2010-та година и е идеален за спортување, фестивали, промоции и слично. Доколку сакате може да направите и тура на терминалот изграден во 30-тите години од минатиот век. Турата започнува од покривот, па надолу до бункерите и чини околу 13 евра.

На пат околу светот: Берлин

Мало предупредување

Берлин изобилува со споменици и други туристички атракции и има да понуди многу за луѓе со секакви интереси, но исто така е и скап град, па доколку сакате целосно да уживате, наполнете го паричникот затоа што само еден перек на улица чини 2,50 евра.

На пат околу светот: Берлин

_______________________________________________________________________________

Автор; Душица
Автор: Душица

Дипломиран економист. Не можам да го започнам денот без повеќечасовно пиење кафе во голема шолја. Себеси се сметам за креативна и романтична личност, а во слободно време уживам во црткање по ноктиња и експериментирање во кујната. Сонувам да го видам и доживеам секое ќоше од планетата Земја.

_______________________________________________________________________________

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s