Занимливости

Првата недела од EU LCS

Конечно дојде пролетниот сплит за 2015 година, а тоа значи дека оваа недела нè очекуваат 10 нови натпревари.

Конечно дојде пролетниот сплит за 2015 година, а тоа значи дека оваа недела нè очекуваат 10 нови натпревари.

Првата недела од EU LCS

Првиот натпревар кој ќе се игра денес е помеѓу Elements и Fnatic, со други зборови реваншот од минатогодишното финале на playoffs на летниот сплит. Составот на Elements стана посилен со тоа што го додадоа Rekkles наместо Tabzz, додека Fnatic изгуби четворица од својот состав – Soaz, Cyanide, xPeke и Rekkles, кои се заменети со Huni, Reignover, Febvien и Steelback. На новиот Fnatic тим ќе му треба време да изгради синергија помеѓу играчите и затоа оваа победа им ја давам на Elements.

Првата недела од EU LCS

Вториот наптревар за денот е Giants Gaming против Meet Your Makers. Giants Gaming се новодојденци на овој сплит, но мислам дека ќе ни ја направат партијава интересна. Meet Your Makers исто така направија промени во својот состав со тоа што ги заменија Impailer и Kasing со H0r0 и Nisbeth. Овде мислам дека ќе победат Meet Your Makers.

Првата недела од EU LCS

Третиот натпревар на денот е помеѓу Copenhagen Wolves и H2K. Copenhagen Wolves се еден од многуте тимови кои направија промена во својот состав оваа година со тоа што ги заменија cowTard и Wolite со SorenXD и Freeze. H2K ги покажаа своите вештини во играта на турнирот за да влезат во LCS, но Copenhagen Wolves ни покажаа зашто треба да останат и затоа ги одбирам нив во победата на оваа партија.

Првата недела од EU LCS

Четвртиот натпревар на денот е SK Gaming против Roccat. И двата тима направија промени во своите состави со тоа што SK gaming ги заменија Jesiz и Candy Panda со Fox и Forgivengre додека Roccat го заменија Celaver со Woolite. Земајќи ги во предвид историите на овие тимови да имаат и добри и лоши моменти јас мислам дека Roccat ќе ја победат оваа партија.

Првата недела од EU LCS

Петтиот и последниот наптревар на денот е Gambit Gaming против Unicorns of Love. Кога станува збор за натпревари за името Unicorns of Love ги победуваат сите, но сега зборуваме за нивните гејмерски способности. Gambit Gaming направија промени во својот состав оваа година со тоа што ги заменија Kubon и Genja со Cabochard и P1noy. Па, можеби и ќе видиме како се враќаат на првото место оваа сезона. Земајќи го тоа во предвид ќе им ја дадам победата на Unicorns of Love (не само поради името).

Толку од првиот ден, ајде да продолжиме со вториот.

Првата недела од EU LCS

Првиот натпревар од вториот ден е Meet Your Makers против SK Gaming. Немам многу да кажам за овие два тима само затоа што е нова сезона и затоа ќе одам со поранешни искуства и ќе кажам дека оваа победа ќе биде на Meet Your Makers.

Првата недела од EU LCS

Вториот натпревар за вториот ден е Giants Gaming против Copenhagen Wolves. Како новодојденци, Giants Gaming нема да победуваат на натпревари за популарност, но кој знае какви ќе бидат на Summoner’s Rift? Земајќи го тоа во предвид ќе кажам дека Copenhagen Wolves ќе ја победат оваа партија.

Првата недела од EU LCS

Третата партија за вториот ден е Roccat vs Gambit Gaming. Во мојот ум овие два тима се подеднакво добри, но мислам дека Gambit Gaming се за малку подобри и затоа победата им ја давам на нив.

Првата недела од EU LCS

Четвртата и претпоследната партија за оваа недела во Европа е Fnatic против H2K. И во спротивно на тоа што го мислат навивачите на Fnatic, 90% од овој тим се новодојденци и нема одма да имаат добра синергија. Токму поради тоа мислам дека H2K ќе ја победат оваа партија.

Првата недела од EU LCS

Последната партија за оваа недела во Европа е Unicorns of Love vs Elements.  Колку и да им е закон името на Unicorns of Love не можам да им ја дадам оваа победа. Така да, дефинитивно победата ќе ја имаат Elements.

За повеќе информации на EU и NA LCS како и LCK, LPL и LMS посетете ја LoLeSports. Таму ќе најдете информации за сите вачи омилени тимови како и целосниот распоред.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

w

Connecting to %s