Занимливости

Неколку факти за еленот лопатар

Дали знаете дека овие животни немаат жолчен меур? Дали им се менуваат роговите? Зошто ги користат? Открите повеќе по продолжение....

Еленот го нарекуваат кралот на шумата. И сосема заслужено, со неговите преубави рогови кои наликуваат на круна и неговиот грациозен став. Во продолжение ќе се обидеме да Ви претставиме одблиску еден преставник од фамилијата на елените, а тоа е еленот лопатар и да Ви овозможиме да се запознаете со неговите убавини.

Запознајте го одблизу еленот лопатар

  • Татковината на еленот лопатар е Мала Азија, од каде пред многу векови е донесен во Средна и Северна Европа.
  • Мажјакот се нарекува елен или лопатар, женката кошута, а младото еленче.
  • Елените се единствени цицачи на кои им растат рогови кои им отпаѓаат секоја година.
  • Кај овој преставник, роговите наместо круна, имаат облик на проширена лопата, поради и што го добил своето име, елен лопатар.
  • Роговите ги користат за борба во периодот на парење.

  • Женките немаат рогови.
  • Отпаѓањето и почетокот на растењето на роговите се случува во април.
  • Летно време бојата на крзното е црвеникаво – кафеава со темна линија по грбот и јасно видливи бели точки кои се наредени по должината на грбот и по ребрата, а додека стомакот, внатрешната и долната страна на ногата, опашот одоздола и задниот дел на бутовите имаат белкаста боја. Токму поради ова овој елен уште се нарекува и шарен елен.

Запознајте го одблизу еленот лопатар

  • Зимно време бојата на крзното е рамномерна сиво кафена, по грбот потемна, а према стомакот, внатрешната и долната страна на ногата, опашот одоздола и задниот дел на бутовите имаат бела боја.
  • Поради своето специфинчно крзно тој потешко се забележува во шума.

Запознајте го одблизу еленот лопатар

  • Еленот лопатар има неколку мирисни жлезди.
  • Од сетилата добро развиени се сетилото за мирис и слух. Ушната школка може да ја движи и за 180 степени напред и наназад, а притоа главата може да мирува. Тоа им овозможува да чујат звук од сите насоки, а притоа да не привлекуваат внимание кон себе со движењето на главата.

Запознајте го одблизу еленот лопатар

  • Тој се исхранува со листови од различни дрва, трева, различни шумски плодови како желад, костен, шумско овошје, печурки и слично. На паша обично одат во зора и на самрак, додека преку ден одмараат и преживуваат.
  • Немаат жолчен меур.
  • Кога бегаат од некоја опасност, за еленот лопатар карактеристично е тоа што бегаат со скокови каде сите четири нозе им се наоѓаат во воздух.

Неколку факти за еленот лопатар

  • Живеат во крда, кои се составени од кошути и нивните млади, а додека постарите мажјаци обично се држат надвор од крдото. Тие им се придржуваат во крдото во периодот на парењето.

Запознајте го одблизу еленот лопатар

  • Кошутите се гравидни 7 и пол месеци и најчесто раѓаат едно младо.
  • Првите две недели еленчето е преслабо да ја прати мајка си, па затоа таа го остава скриено во некое место, како на пример, грмушка. Случајно пронајденото еленче во такви ситуации не смее да се допира или преместува, бидејќи на него останува човечкиот мирис и мајката подоцно не го прифаќа.

Запознајте го одблизу еленот лопатар

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s