Филм и ТВ

10 вселенски филмови кои не смеете да ги пропуштите во 2015 година

Започнувајќи од филмовите кои се базирани според познати книги, па сè до најновиот дел од Војна меѓу ѕвездите, 2015 година има потенцијал да биде одлична за оние кои се љубители на филмови со вселенска тематика.

Започнувајќи од филмовите кои се базирани според познати книги, па сè до најновиот дел од Војна меѓу ѕвездите, 2015 година има потенцијал да биде одлична за оние кои се љубители на филмови со вселенска тематика. Токму затоа ви препорачувам да ги имате на ум следниве 10 филма кои нè очекуваат оваа година!

10 вселенски филмови кои не смеете да ги пропуштите во 2015

Jupiter Ascending

По долгото одложување на премиерата на овој филм кој требаше да излезе во 2014 година, оваа година конечно ќе имаме можност да го видиме. Станува збор за една млада девојка од Земјата на која една група вонземјани ѝ предвиделе дека ѝ е судено да постигне големи нешта. Филмот излегува на 6 февруари, а трејлерот можете да го погледнете тука.

Home

Овој неодoлив анимиран филм ни ја покажува приказната за една дебела мачка наречена „Pig“, која е од расата на вонземјани кои можат да ја менуваат својата боја. Станува збор за интересна авантура која ги спојува вонземјаните и луѓето на Земјата. Филмот се очекува да излезе на 27 март, а трејлерот можете да го погледнете тука.

The Avengers: Age of Ultron

И покрај тоа што не знаеме дали овој филм ќе содржи било какви вселенски моменти, сепак можеме да претпоставиме дека љубителите на овој жанр ќе останат целосно без зборови. Марвел секогаш успева да вметне некаков вид на вселенска поврзаност во своите приказни, па токму затоа сум делумно сигурно дека и тука ќе можеме да го видиме тоа. Премиерата на филмот е на 1 мај, а трејлерот можете да видите тука или тука.

Tomorrowland

И покрај тоа што на прв поглед овој филм не делува како да има вселенска тематика, тој има огромна поврзаност со НАСА. Мистериозниот филм делумно се одвива во Флорида и вклучува приказна поврзана со вселенската шатл програма на НАСА. Сè уште не знаеме што точно ќе се случува, бидејќи трејлерот не ни открива многу, но ќе можеме да откриеме на 22 мај.

The Martian

Овој филм кој е под режија на Ридли Скот и во кој главната улога му припаѓа на Мет Дејмон ги следи авантурите на еден астронаут од НАСА кој е заробен на Марс откако другите членови на екипажот ќе ја напуштат Црвената планета поради бура. Филмот е базиран според популарната книга „The Martian“ и се очекува да излезе на 25 ноември 2015.

Star Wars VII: The Force Awakens

Долго очекуваното продолжение на Војна меѓу ѕвездите кое овој пат е под режија на Џ. Џ. Абрамс ќе нè одведе 30 години по победата на добрата страна и ќе ни покаже што се случувало со некои од нашите омилени карактери. Според трејлот слободно можеме да претпоставиме дека нè очекува „лудо возење“, но сепак ќе треба да почекаме до 18 декември за да видиме како оваа приказна ќе го продолжи својот тек.

The Visit

Како светот би реагирал на посетата од вонземјани? Овој филм се обидува да ни открие еден од начините на кои Земјаните би се однесувале доколку се соочат со интелигентен живот кој слетува на планетата. Овој филм ќе биде претставен на филмскиот фестивал Sundance во Јута.

H.

Овој филм ја следи приказната за две жени кои тотално полудуваат по необичен напад од метеори во Трој, Њујорк. Сè уште не се познати деталите околу настаните, но ми звучи прилично интересно, па имајте го на ум годинава. Премиерата исто така се очекува да биде на филмскиот фестивал Sundance.

Ratchet & Clank

Овој анимиран филм е базиран според популарната видео игра со истото име, па доколку сте љубители на оваа игра со сигурност ќе ви се допадне и приказната во филмот. Сè уште не се знае точната дата кога филмот ќе излезе, но знаеме дека тоа ќе се случи во текот на оваа година. Тизерот можете да го погледнете тука.

Day of the Triffids

Овој филм е базиран според книгата која го носи истото име и станува збор за научно фантастична приказна каде што има чума од слепило која ги нападнала повеќето жители на планетата Земја. По нападот на слепилото, луѓето се приморани и да се борат против вонземни растенија, наречени Трифиди, со цел да го спасат човештвото. Филмот се очекува да излезе некаде во текот на 2015 година.

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s