Занимливости

Топ 10 најиграни видео игри на Sony PlayStation 1

Едни од најдобрите Play Station 1 игри кои би сакале повторно да ги играте.

Секој има своја омилена PS1 игра и однапред се извинувам што нема да ги опфатам сите, но ќе се обидам најдобро што можам да ги претставам најдобрите 10 видео игри за PS1 според мене…

10. Mad Evil – Главниот лик е костур кој за време на една војна го губи неговото око и умира, но е вратен во живот со помош на магија. Неговата мисија е да го спречи лошиот волшебник, но по пат има базброј пречки и интересни Boss суштества со кои се соочувате. Од наједноставни оружја како меч, стрела, па сè до најчудните како сопствената рака (wtf !!!) играта изобилува со одлични начини на кој може да се забавувате.

mad.evil.ps1.marsovcinazemjata

9. Driver – Зборувам за првата врзија од играва, онаа од која никој од нас не можеше да стане првите неколку недели откако ја купил. Ако сакате игра кај што имате области без граници и полиција зад секој агол ова е играта за вас.

Driver.ps1.marsovcinazemjata

8. Tomb Rider – Сите ја сакаме Лара Крофт и нејзините авантури, но не многу од нас знаат каде тие почнуваат. Можеби првата верзија од играта ќе ви помогне во тоа.

tomb.raider.ps1.marsovcinazemjata

7. Toy Story 2 – Авантура која секој ја играл како мал. Кое ви беше најтешкото ниво? Знам дека сите имале бар едно место на кое сте се откажале. Rage Quit FTW 😀

ToyStory2.ps1.marsovcinazemajta

6. Legacy of Kain: Soul Reaver – Во текот на целата игра играте како Разиел кој има различни моќи од супер агилни скокови, па сè до awеsome меч кој помалку личи на lighsaber. Од обичниот до духовниот свет околината се менува во зависност од тоа во кој свет се наоѓате во моментот, а и кои моќи можете да ги користите.

LegacyOfKain.ps1.marsovcinazemjata

5. GTA 2 – Од тука почна сè. Играва нема кој не ја играл или бар не ја пробал кај другар дома. Има еден отворен свет кој сам по себе е толку интересен со сите различни коли, мотори и други различни возила кои може да ги украдете што никој не ги ни правеше мисиите.

gta2.ps1.marsovcinazemjata

4. Gran Turismo 2 – Сите сакавме да ги купиме сите автомобили на крај и да не знаеме со која да возиме. Дефинитвно една од најиграните игри за PS1.

granrurismo2.[s1.marsovcinazemjta

3. Crash Bandicoot 3: Warped – Сите Краш игри се одлични, но како врв на гејмплеј и одлична механика мора да ја ставам оваа затоа што иновативноста е на едно високо и дотогаш недостижно ниво. Патувате во различни околини од Кинескиот ѕид, подводните места, вулканските предели, замоците и пиратските бродови. Омилен дел на сите ни беа различните Boss карактери од Tiny, па сè до Cortex.

Crash-Bandicoot3warped.ps1.marsovcinazemjata

2. Final Fantasy VIII – Сè уште има луѓе во светот кои ја играат играва од различни причини. Дали не сте ги собрале сите карти, не сте ги фатиле сите GFs, не сте ги убиле сите Boss карактери и слично. Не само што играва го има најдобриот саундртрак некогаш направен туку и самата приказна е една од најдобрите до ден денес.

ff8.ps1.marsovcinazemjata

1. Metal Gear Solid – Знам дека е и на вашите топ листи прва затоа што има најнапреден гејмплеј од сите. Покрај обичните оружја како пиштоли, пушки и бомби тука имаме вклучени и најразлични боречки вештини и направи кои ни помагаат во нашата шпионска мисија.

Metal-Gear-Solid.ps1.marsovcinazemjata

Одговорете

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s