Стивен Хокинг, физичарот кој ни помогна да разбереме голем дел од мистериите на универзумот е еден од најголемите мислители на планетата Земја. Погледнете како тој гледа на светот и што мисли за знаењето, љубопитноста, животот, смртта и најважно од сè – за жените…
За знаењето
„Најголемиот непријател на знаењето не е незнаењето, туку е илузијата на знаењето.“
За љубопитноста
„Ме изненадува тоа колку сме незаинтересирани денес за оние нешта како физиката, вселената, универзумот и филозофијата на нашето постоење, нашата цел, нашата последна дестинација. Надвор постои луд свет. Бидете љубопитни.“
За својот живот
„Отсекогаш сум се обидувал да ги надминам ограничувањата на мојата состојба и да живеам колку што е можно повеќе. Патував низ светот, од Антарктикот, па сè до простор каде што нема гравитација… Можеби еден ден ќе одам и во вселената.“
За смртта
„Мозокот за мене е како компјутер кој ќе престане да работи откако неговите делови ќе откажат. Не постои рај или живот по смртта за расипаните компјутери, тоа е бајка за луѓето кои се плашат од темнината.’
За стравот од смртта
„Јас живеам со мислата за рана смрт веќе 49 години. Не се плашам од смртта, но не се ни брзам да умрам. Има уште толку многу нешта кои сакам да ги направам.“
За најголемата мистерија која би сакал да ја реши
„Сакам да знам зошто постои универзумот, зошто постои нешто поголемо од ништо.“
За жените
„Тие се комплетна мистерија.“